Трудо повика на единствен фронт против Кина заради апсењето странски државјани


Канадскиот премиер Џастин Трудо ги повика земјите ширум светот да создадат единствен фронт против апсењето странски државјани во Кина. Британските медиуми јавуваат дека Трудо ова го побара откако Канада повеќепати бараше од своите партнери да извршат притисок врз Пекинг да ослободи двајца уапсени канадски државјани. -Имаме огромно ниво на координација, не само со САД, туку […]

Нормализиран сообраќајот за товарни возила на Стража-Кичево и Велес-Прилеп, останува забраната за Маврово-Дебар


Авто Мото Сојузот на Македонија утринава соопшти дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Стража – Кичево, а од четири часот сообраќајот се одвива нормално и на регионалниот пат Велес-Прилеп по преминот Плетвар. Единствено поради снежни врнежи останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар. На останатите […]

 Лиза Монако назначена за привремен шеф на внатрешната безбедност на САД


Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден побара од Лиза Монако, неговиот кандидат за заменик државен обвинител и советник за борба против тероризмот на поранешниот претседател Барак Обама, да биде привремен советник за внатрешна безбедност. Веста во пресрет на претстојната инаугурација на Бајден ја соопшти портпаролот на транзицискиот тим на Бајден, пренесуваат британските медиуми. -Г-ѓа Монако ќе […]

Претседателот на Мексико блокирањето профили на социјалните мрежи го спореди со шпанската инквизиција


Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор вети меѓународна борба против цензурата на социјалните мрежите, кои ги блокираа или суспендираа профилите на американскиот претседател Доиналд Трамп. – Можам да Ви кажам дека на првиот состанок на Г-20 што ќе го имаме, ќе го покренам тоа прашање. Да, социјалните медиуми не би требало да се користат […]

Османи: Очекуваме да продолжи грчката поддршка за усогласување на рамката за ЕУ


Во последните месеци додека се разговараше за усогласување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите имаше принципиелна поддршка од Грција и грчката позиција беше јасна дека Република Северна Македонија треба да ја одржи првата меѓувладина конференција и треба да се прифати рамката таква каква што е предложена од страна на Комисијата и тоа мислам […]

Продолжува собраниската расправа по Предлог-законот за попис


Во Собранието денеска напладне треба да продолжи расправата по Предлог-законот за попис. Пратениците вчера и завчера ги искажаа спротивставените ставови главно околу тоа дали на земјава токму оваа година и е потребен попис и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички. Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор и пазарење меѓу СДСМ и ДУИ […]

Во Собранието свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК


Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даваат свечени изјави пред претседателот на Парламентот Талат Џафери. Претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка Дитмире Шеху. Членови на комисијата се и Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува денеска, а него […]

Бајден претстави нов план од 1.900 милијарди долари за помош на Американците


Избраниот претседател на САД, Џо Бајден, синоќа го претстави својот план во висина од 1,9 билиони американски долари (1.900 милијарди долари) за помош на Американците за справување со економската криза и за борба со Ковид-19.  Во обраќањето, синоќа, од Вилмингтон, Делавер, тој ги посочи неговите приоритети поврзани со пандемијата во првите недели од неговиот мандат. […]

Сончево и студено со слаб ветер, викендов температури под нула


Во повеќе делови од земјава е формирана снежна покривка особено во западните, каде што снежните врнежи беа пообилни. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура […]

Шекеринска: Се нервирам што уште нема пресуда за главните организатори на 27 април


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вечерва изјави дека уште не може да поверува дека ни се случи насилството на 27 април. „И кога гледам дека  уште нема  пресуда за главните организатори се нервирам. Која е казната, не само на оние кои влегоа во парламентот за да не убијат, туку за оние кои ги убедиле, ги […]

БДП на Германија лани падна за пет проценти, прекинат десетгодишниот раст


Германската економија забележа пад од 5,0 проценти во пандемиската 2020 година, ставајќи крај на десетгодишната експанзија, откако мерките за заклучување задушија голем дел од деловната активност и потрошувачката, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика Дестатис. Колку и да е мрачна оваа бројка, падот е помал отколку што предвидуваа многу аналитичари, а високата стапка на […]

Ненадејна канадска понуда за „Карфур“


Понудата на канадскиот трговец „Alimentation Couche-Tard“ за „Карфур“, вредна речиси 20 милијарди долари, наиде на првично противење бидејќи француската влада изрази загриженост кај еден од најголемите работодавци за суверенитетот во прехранбениот сектор и безбедноста на работните места. Во ненадејната понуда, „Couche-Tard“, со седиште во Квебек, објави дека доставил необврзувачка понуда од 20 евра по акција, […]

Останките на Рембо нема да бидат преместени во Пантеон, одлучи Макрон


Останките на славниот француски поет Артур Рембо нема да бидат преместени во мавзолејот во Пантеон и покрај кампањата со тоа да му се оддаде чест како уметник и симбол на правата на хомосексуалците, одлучи францускиот претседател Емануел Макрон. Петицијата минатата година, поддржана од голем број познати личности, како и министерката за култура, Розелин Башело, повика […]

Уапсен и човекот што го носеше знамето на Конфедерацијата


Американското обвинителството соопшти дека човек од Делавер, фотографиран како носи знаме на Конфедерацијата за време на смртоносниот бунт во американскиот Капитол, е уапсен откако властите ја искористија сликата за да помогнат во идентификувањето Федералното обвинителство соопшти дека Кевин Зефрид, кој бил виден како носи знаме, бил уапсен во Делавер заедно со неговиот син Хантер Сифрид. […]

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство


Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори вечерва Светското првенство во Египет, претрпувајќи убедлив пораз од Шведска од 32:20 (16:11). Мечот во Каиро започна изедначено на двете страни, по што Шведска ја презеде контролата врз резултатот за прво повисоко водство од 8:5 во 11 минута. Македонските ракометари брзо вратија со серија од 3-0, но уследија серија технички грешки и десет минути без […]

На 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило на Плетвар, Стража и крак Маврово – Дебар


АМСМ соопшти дека, според  известување од ДЦС МВР,  на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило на патните правци на кои е  воведена забрана за нивно движење поради снежните врнежи. Од 17.50 часот е воведена забрана за товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 18.50 часот на патниот правец Гостивар […]

Се случи чудо, заврна снег во Скопје (фото)


Како деца паметевме долги студени зими со снег до колена, а сега се радуваме како деца кога во зима ќе не изненади. Скопје вечерва го виде првиот снег сезонава, снежеше неколку часа, ама беше доволно да се слушне џагорот на децата по улиците, или шанса возрасните да прошетаат и да ја почувствуваат зимската идила. Чудно, […]

Угина жирафата Тобого од скопската зоолошка градина


  Од Зоолошката градина во Скопје, вечерва информираа дека угинала жирафата Тобого. – Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати – соопштија од ЗОО Скопје. Жирафата Тобого заедно со […]

Затоплувањето на планетата руши рекорди, жешко и во Сибир


И оваа  2020 година, според истражувањата, беше рекордно топла, како најтоплата 2016 година.И, што е најпоразително, Сибир и Арктикот беа меѓу најжешките региони. Топлината ги разгоруваше пожарите што произведоа уште повеќе јаглерод диоксид во атмосферата, а  температурите во сибирскиот град Верхојанск во јуни достигнаа рекордни 37  степени, девет степени повеќе од просекот. Топлината се почувствува […]

Со поголема транспаретност ќе се бориме против лажните вести, вели Забрчанец


 Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец вели дека власта со поголема транспаретност ќе се бори против лажните вести и дека сака да ги искористи сите капацитети на институциите и да ги поттикне сите чинители во општеството – граѓаните, медиумите и образовните институции во борбата против дезинформации. -Притоа без да имаме претензија да се наметнуваме […]