Втора победа на македонските одбојкари над БиХ во квалификациите за ЕП 


Македонската одбојкарска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Скопје со 3:0 (25:20, 26:24, 25: 13) по втор пат во квалификациите ја совлада Босна и Херцеговина со што обезбеди најмалку второ место во групата Ц. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ евроквалификациите ги завршуваат в сабота против фаворитот Турција, од која вчера загубија […]

Институт од Оксфорд: Владите и партиите се повеќе стануваат фабрики за лажни вести


  Се поголем број влади, фирми за односи со јавност и  политички партии шират дезинформации на интернет, стои во извештајот на Институтот за интернет во Охфорд. Ваквите кампањи, оценува тој,  стануваат сè пософистицирани и потешко се запираат.  Истражувачите, кои од 2017 година ги следат напорите на владите и политичките партии да манипулираат со јавното мислење […]

УЕФА засега останува на планот за ЕП во 12 држави


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), засега, не разгледува алтернативи на планот за организација на претстојното Европско првенство ширум стариот континент, и покрај неповолната епидемиолошка состојба поврзана со коронавирусот. -Што се однесува до Европското првенство, што е закажано од 11 јуни до 11 јули во 12 градови и 12 држави, ништо се нема променето, соопшти попладнево УЕФА, откако пандемијата од почетокот на годинава […]

Срце на продажба по цена од 180.000 долари


Сите кои се во можност, во иднина ќе можат да купат вештачко срце. Европската Унија конечно ја одобри продажбата на овој апарат. По долго чекање на дозвола од ЕУ, француската компанија „Карма“ почна со производство на вештачкото срце. Корисниот изум ќе биде од голема помош кај срцевите болни и ќе биде алтернатива на донирањето органи, […]

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки


Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, напиша на својот фејсбук профил вечерва премиерот Зоран Заев. Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, појаснува тој, задолжително треба да ги исполнуваат […]

Забранет сообраќајот за товарни возила на Стража


 Од 18.50 часот е воведена забрана за сообраќај на товарни возила на Стража поради снежни врнежи, соопшти АМСМ. Забрана за движење на товарни возила поради снег попладнево е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат […]

Ердоган прими вакцина против коронавирус


Турција– Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја прими кинеската вакцина KoronaВак против Ковид-19 со цел да им даде пример на граѓаните, јави Анадолија. Турското претседателство објави фотографија на која Ердоган со маска на лицето ја прима првата доза на вакцината во болница во Анкара. – Се надевам дека кампањата за вакцинација ќе биде корисна […]

Франција воведува задолжителен негативен тест за Ковид-19 за сите кои не се од држави членки на ЕУ


Франција– Премиерот на Франција Жан Кастекс соопшти вечерва дека ќе биде потребен негативен тест за влез во државата за сите кои доаѓаат од држави што не се членки на Европската унија. Тој додаде дека во Франција од денеска се воведува и полициски час од 18 часот на национално ниво наместо од 20 часот. Потезите се […]

Регистрирани 396 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 442 пациенти, починати се 15 лицa


Денеска се регистрирани 396 нови случаи на Ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани е 87986, оздравени се 442 пациенти, а  починати се 15 лицa. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а од новите регистрирани се 396 случаи, најголем број се во Скопје 198. Во Куманово и во Штип […]

Uggs никогаш не излегуваат од мода: Иман и Андре Леон Тали во новата кампања


САД- Во ера кога носењето преголема гардероба е веќе стандард, Иман карактеристично ги прави работите поинаку. Манекенката родена во Сомалија, деловна жена, филантроп и вистинска легенда на модата го помина своето време во карантин во удобна облека – со полн ритам, ниту помалку – на својот профил на Инстаграм. Не е изненадувачки, гледајќи како таа […]

Од рак почина илузинистот Зигфрид од двоецот со Рој, познати по шоуто со диви животни во Лас Вегас


САД- Зигфрид Фишбахер, половина од светски познатиот тандем на илузионисти во Лас Вегас Зигфрид и Рој, почина од рак осум месеци по смртта на неговиот долгогодишен деловен партнер Рој Хорн. Фишбахер имаше 81 година. Неговата сестра Долоре Фишбахер, калуѓерка во Минхен, Германија, за Ен-Би-Си њуз  изјави дека Фишбахер починл во неговиот дом во Лас Вегас […]

Истражување: Ризикот од ширење на коронавирус во концертна сала е занемарлив


Германија– Истражување во Германија за движењето на честичките во воздухот во затворен прсотор покажа дека постои мал ризик од инфекција со коронавирус во добро проветрени концертни простори, кога сите носат заштитни маски. Второто такво истражување, спроведено во  „Концертхаус“ во Дортмунд (1.500 седишта), траеше три дена во ноември минатата година, организирано од институтот Фраунхофер Хајнрих Херц […]

Конгресот ќе му забрани на Трамп кандидатура за нов мандат како претседател, тврдат американски медиуми


САД–  Многу е веројатно дека американскиот Конгрес ќе му забрани на претседателот Доналд Трамп да се кандидира за втор мандат, јавија американски медиуми откако Трамп вчера влезе во историјата на САД како прв претседател со два импичмента. Претставничкиот дом го одобри обвинението против американскиот лидер – поттикнување на бунт – 232 конгресмени против 197 гласаа за […]

Во БиХ нови 343 заразени со корона вирус


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забележан е нов пад на бројот новозаразени и починати од последиците на заразата со корона вирус, додека првиот контингент на вакцината „Фајзер“ с еочекува кон крајот на јануари. Потврдено е дека во Босина и Херцеговина пристигнуваат 4-5.000 дози од вакцината и тоа со посредство на КОВАКС механизмот. […]

УХМР: Снежни врнежи ќе има насекаде во текот на ноќта, особено во западните делови


Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови. Само во крајните југоисточни подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе […]

Енди Мареј заразен со корона вирус


Поранешниот најдобар светски тенисер Енди Мареј е позитивен на корона вирус, но се надева дека, сепак, ќе може да настапи на Австралија Опен, што започнува на 8 февруари. Мареј, кој во минатото пет пати губеше во финалето на Австралија Опен, се наоѓа во самоизолација и се чувствува добро. Рејтингот на Мареј изминатите неколку години беше во постојан пад поради проблеми […]

Како невакцинираниот може да го загрози вакцинираниот?


  Асистентката на Фармацевтскиот факултет во Белград, Сања Вујчиќ, во една дискусија на Фејсбук објаснува како невакцинирано лице може да загрози вакцинирано, откако многумина се повикуваат на флоскулата „имам избор“. „НИедна вакцина не може да ја примат сите затоа што не е изводливо, поради различни фактори, главно или не е испитувана безбедноста за таа популација […]

Берлускони во болница во Монако


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) итно е примен во болница во Монако. Неговиот личен лекар Алберто Кангрило наведе дека поранешниот премиер е во болница поради проблеми со срцето и додаде дека Берлускони во понеделникот одлучил да го донесе во најблиската болница, затоа што сметал дека не е паметно да го доведе во Италија, која […]

Централен регистар: Бројот на згаснати и новоосновани фирми во 2020 е во рамки на просекот


Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Комората на Северозападна Македонија дека над 4.000 компании се згаснати во првите шест месеци од 2020 година, денеска Централниот регистар излезе со соопштение во кое наведува дека податоците со кои располага укажуваат дека 2020 година е во рамки на просекот како во однос на новооснованите компании, така […]

Обновена вертикалната сообраќајна сигнализација на улиците во делот на Т.Ц. Буњаковец


Во Општина Центар одамна немаше воведено нови сообраќајни режими. Тоа е сега променето и во тек е постапка за усогласување на сообраќајните режими. Со овој чекор се започнаа активностите за подобрување на безбедносните мерки во сообраќајот. Откако заврши поставувањето на подигнатите пешачки платоа, започнавме со обнова на вертикалната сообраќајна сигнализација во зоните на општинските основни […]