Како невакцинираниот може да го загрози вакцинираниот?
Асистентката на Фармацевтскиот факултет во Белград, Сања Вујчиќ, во една дискусија на Фејсбук објаснува како невакцинирано лице може да загрози вакцинирано, откако многумина се повикуваат на флоскулата „имам избор“.
„НИедна вакцина не може да ја примат сите затоа што не е изводливо, поради различни фактори, главно или не е испитувана безбедноста за таа популација (пр. помлади од 16 години за вакцината на „Фајзер“ или поради присуство на придружни болести или склоност кон алергии). Обично најзагрозени се имунокомпромитираните лица, како и лицата за кои не постојат податоци дали смеат да примат вакцина затоа што не е тестирано (пр. не е испитана безбедноста на помлади од 16 години во фазата на итно одобрување, па тие не се кандидати за вакцина;, бидејќи на бремени жени никогаше не се испитува во иницијална фаза, тие можат да примат вакцина со напомена дека не е испитана на таа популација итн.).
„Друг проблем секако е количината на вакцини, неможноста да ја прими секое лице кое ги исполнува условите. Значи, невакцинирано лице нема да ги загрози вакцинираните под услов вакцинираниот да развил имунитет во доволна мерка, но ќе го загрози секој кој не е вакциниран, посебно осетливата популација затоа што за нив најголема е веројатноста дека разболувањето може да биде и животозагрозувачко. Што повеќе луѓе не ја примиле вакцината, тоа е полесно да се создаде синџир на ширење на заразата, односно пренос од едно на друго невакцинирано лице.
Да, со тоа што лицето А не се вакцинира оти „има право на мислење“, го загрозува животот на лицето Б кое своето право на мислење го користи, но не смее да прими вакцина од некоја причина.”