Забранет сообраќајот за товарни возила на Стража


 Од 18.50 часот е воведена забрана за сообраќај на товарни возила на Стража поради снежни врнежи, соопшти АМСМ.

Забрана за движење на товарни возила поради снег попладнево е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.