Шекеринска: Се нервирам што уште нема пресуда за главните организатори на 27 април


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вечерва изјави дека уште не може да поверува дека ни се случи насилството на 27 април. „И кога гледам дека  уште нема  пресуда за главните организатори се нервирам. Која е казната, не само на оние кои влегоа во парламентот за да не убијат, туку за оние кои ги убедиле, ги организирале и им преставиле дека насилството е легитимно“, рече Шекеринска во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Таа нагласи дека пред 27 април цело време се поттикнувала атмосфера на омраза и насилство. Таа направи споредба со настаните во Вашингтон. „Денес во Амрика сите кои мислат во иднина да се занимаваат со политика излегоа и се оградија од насилството и затоа ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извини на народот затоа што ја туркаа државата во граѓанска војна“.

Според неа, „ВМРО ДПМНЕ е единствена партија која не успева да се погледне во огледало и не побара прошка од граѓаните за тоа дека државата ни ја туркаа во граѓанска војна“.