Угина жирафата Тобого од скопската зоолошка градина


 

Од Зоолошката градина во Скопје, вечерва информираа дека угинала жирафата Тобого.

– Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати – соопштија од ЗОО Скопје.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Роден е во Франкфурт во 2010 година, а жител на Скопје ЗОО беше од 5.11 2013 година.

– Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување – додаваат од Зоолошката.