Се случи чудо, заврна снег во Скопје (фото)


Фото: Б. Грданоски

Како деца паметевме долги студени зими со снег до колена, а сега се радуваме како деца кога во зима ќе не изненади. Скопје вечерва го виде првиот снег сезонава, снежеше неколку часа, ама беше доволно да се слушне џагорот на децата по улиците, или шанса возрасните да прошетаат и да ја почувствуваат зимската идила.

Фото: Б. Грданоски

Чудно, снегот го следат измешани чувства, убави и лоши моменти, детство и старост, уживање или тешки повреди.

Фото: Б. Грданоски

Децата се радуваат, родителите се нервираат, постарите седат дома, надлежните и докторите предупредуваат, пешаците пцујат, а шоферите прскаат.  

Фото: Б. Грданоски

Се мешаат надлежности и ингеренции и никој не сака да го зачисти снегот пред своја врата.

Фото: Б. Грданоски

Снегот може да го извади од вас најдоброто или најлошото. Зависи во која населба живеете, каде работите, со кого се дружите и кој ви е комшија. Дали ви пали колата наутро, се возите со градски автобус или залудно чекате такси. Во еден момент се шетате по снегот, во друг момент некој ве удрил со снежна топка.

Фото: Б. Грданоски

Како и да е, според прогнозата утре во Скопје не чека сончев и студен ден, а и во наредните денови. Затоа оваа вечер ќе ја паметиме.

Фото: Борис Грданоски

Фото: Б. Грданоски