Северна Кореја на воена парада ја претстави ракетата „Пукгуксонг-5“- „најмоќното оружје на светот“


Северна Кореја на вчерашната воена вежба во Пјонгјанг го претстави новиот вид балистичка ракета што се лансира од подморница (СЛБМ), наведуваат безбедносни експерти.

Парадата се одржа вчера на плоштадот Ким Ил-сунг, откако во вторникот Пјонгјанг го заврши својот осумдневен конгрес на владејачката Работничка партија, на кој лидерот Ким Џонг -ун вети дека ќе го зајакне нивниот нуклеарен арсенал, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.

Според фотографиите објавени од севернокорејската агенција КЦНА, лансирана била ракетата SLBM, што веројатно е означена како „Пукгуксонг-5“, заедно со различни балистички ракети на цврсто гориво и друго оружје.

Државните медиуми ја нарекоа ракетата SLBM најмоќното оружје во светот.

Анкит Панда, истражувач и експерт за исцрпување на нуклеарниот арсенал од фондацијата Карнеги за меѓународен мир, на Твитер напиша дека „има нов SLBM“.