Катастрофа во Бразил: Умреа сите пациенти на едно одделение


 

Гувернерот на најголемата бразилска држава Амазонас Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за се поголемиот број смртни случаи од корона вирус.

Тој рече дека цело едно болничко крило пациенти починале откако снемало кислород за респираторите, јави Гардијан.

Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро.

Манаус е најголем град во Амазонија, и беше едно од местата најпогодено од епидемијата во првиот бран минатиот април, а властите беа принудени да копаат масовни гробници за мртвите.

„Во состојба на крајна катастрофа сме… како земја која е во војна и изгубила“, рече тогаш Лима.

На 22 декември во цел Манаус имало 39 погреби, додека во средата соборен е рекордот со 198 погреби по ред. Во саботата имало 130 погреби, во неделата 144, во понеделникот 166, додава Гардијан.

„Овие бројки кристално јасно покажуваат дека сме сведоци на експлозија на смртност од Ковид-19 која е дури и поголема од првиот бран“, рече Лима.

Извештаите во бразилските медиуми во четвртокот велат дека неколку јавни болници останале потполно без кислород.

Надлежните најавија дека ќе почнат со евакуација на некои пациенти во други држави на лекување.