Познат распоредот на напревари за ракометарите во главната група


Со победата против селекцијата на Чиле, Македонија обезбеди настап во главната група 4 во која ќе одигра дополнителни три натпревари, а противници ќе ни бидат репрезентативците на Словенија, Русија и на Белорусија. Сите три средби ќе се одиграат со почеток во 15.30 часот. Поради поразите против Шведска и Египет, Македонија во главната група 4 ќе […]

Богојавление-Водици одбележан со свети литургии во црквите


Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Годинава првпат, поради пандемијата со Ковид-19, изостана вековната традиција на положување на крстот во светите води. Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан по повод празникот служеше Златоустова литургија во храмот „Рождество на […]

Манџукиќ официјално стана играч на Милан


Лидерот во Серија А, Милан на својата официјалната веб-страница објави дека потпишал договор со напаѓачот Марио Манџукиќ. Договорот на 34-годишниот фудбалер со тимот е со важност до крајот на сезоната 2020/21 со можност за продолжување на една сезона. Манџукиќ ќе го носи дресот со број „9“. Хрватот одигра пет нецелосни сезони во Италија со Јувентус. […]

Во црквите на Брегалничката епархија се служеа свети Богојавленски служби


Во сите цркви на Брегалничката епархија денеска се служеа свети Богојавленски служби. Во соборниот храм Свети Никола со службата чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија, на којашто присуствуваа верниците. Светиот крст годинава не се фрлаше во реките и базените, со цел да се запазат здравствените мерки, кои се дадени од Министерството за здравство. Градоначалникот на Општина […]

Утрово, повторно силен земјотрес во Хрватска, пријавени нови штети во Глина


Нов силен земјотрес ги вознемири граѓаните на Петриња во вторник во 5.44 часот, јавуваат сеизмолозите. Утрово во 5.44 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба забелеажаа прилично силен земјотрес со епицентар на 10 километри од Глина. Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ изјави дека земјотресот кој утринава се случи во близина на градот со јачина од 3,8 степени, […]

Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица повикува за донации за санирање на последиците од пожарот


Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава. Како што се наведува […]

Груби-Абазовиќ: Членството во НАТО и аспирациите за ЕУ-интеграција влог кон стабилноста и развојот на регионот


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која двајцата разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. -Полноправното членство на Северна Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери […]

Жена со „мерцедес“ се забила во четири паркирани возила


  Во понеделникот, во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила. Та удрила во „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), […]

Фатен крадец во маркет во село Марино


Во понеделникот сред бел ден, во 13.20 часот во маркет во село Марино, Скопско, полициски службеници го лишиле од слобода З.П.(60) од село Миладиновци, скопско, затоа што бил затекнат при извршување кражба во маркетот. Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање […]

Бајден ќе ја врати моќта на Америка на Балканот


НАНО РУЖИН Во Западен Балкан останаа повеќе недовршени досиеја, како што се БиХ и дијалогот Приштина-Белград, а еве сега и спорот меѓу Скопје и Софија. Бајден во дипломатскиот куфер има големи белешки од неговото познавање на Балканот и затоа се очекува поголема улога на неговата администрација во регионот   „Можеби би било подобро наместо да […]

Белорусија го изгуби светскиот шампионат во хокеј на мраз поради Лукашенко


Белорусија е лишенa од домаќинството на машкиот светски шампионат во хокеј на мраз оваа година поради загриженоста за „сигурноста и безбедноста“ во земјата. Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги искористи безбедносните сили на земјата за насилно угнетување на демонстрантите по неговата спорна изборна победа во август минатата година. Одлуката за преместување на турнирот од Белорусија ја […]

Заев: да ги послушаме препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно


Премиерот Зоран Заев го честиташе денешниот празник Богојавление – Водици, на сите православни верници во земјава, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и на сите свештеници и монашки братства и сестринства во манастирите во нашата земја. -Со овој празник кој се слави во име на осветувањето на водите, во име на Христовото […]

ИФО: Земјите во светот очекуваат поголем економски раст со изборот на Бајден


Меѓународни економски експерти проценуваат дека изборот на Џо Бајден за нов американски претседател ќе го зајакне економскиот раст во нивните земји, покажува истражувањето на институтот ИФО, спроведено меѓу 843 експерти од 107 земји. Експертите очекуваат победата на демократскиот кандидат на претседателските избори во САД да го зголеми растот во 2021 година во просек за 1,16 […]

ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра за Западен Балкан за вакцини против Ковид-19


Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, од Европскиот Парламент денеска најави дека ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра во грантови за земјите од Западен Балкан за да набават вакцини од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Комесарката задолжена за здравство во ЕУ утрово пред европратениците реферираше за состојбата со вакцинацијата во ЕУ, но и во […]

Хилари Клинтон побара од Пелоси да се формира Комисија за утврдување на врските на Трамп со Путин


Поранешната американска државна секретарка и поранешна претседателска кандидатка, Хилари Клинтон, денеска соопшти дека разговарала со спикерката  на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и дека со неа се согласиле за потребата од формирање специјално истражно тело за утврдување на врските на Доналд Трамп со Русија. „Конгресот мора да формира истражно тело, како Комисијата за 11/09, за да […]

Првите деловни жени во светот се занимавале со банкарство


Во античкиот град Канеш, кој се наоѓал на територијата на денешна Турција, жените се занимавале со банкарство и инвестирале во трговија. Благодарение на економската независност што ја стекнале на тој начин, тие се избориле за голем степен на еднаквост, барем во социјалните рамки од тоа време. Некаде околу 1870 година п.н.е., деловна жена во северен […]

Место 500 илјади, Италија добива само 50.000 вакцини неделно


  Во Италија продолжуваат проблемите со вакцинацијата против Ковид-19, а за сега, единдствената вакцина која се користи е таа на „Фајзер/Бионтек“. Место договорените дози, американскиот производител на вакцини продолжува самостојно да ги намалува испораките. Место половина милион дози седмично, „Фајзер/Бионтек“ вчера во италија достави само 48.000, а за денеска најави испорака уште на 50.000. Поради […]

Њујорчани за кирии должат повеќе од милијарда долари


Жителите на Њујорк должат повеќе од милијарда долари за неплатени кирији поради задоцнети плаќања и рецесијата предизвикана од пандемијата на корона вирусот, пишува „Волстрит журнал“. Висината на долгот е најновиот показател дека надоместоците за невработеност и федералните стимулативни пакети досега не биле адекватни за ублажување на зголемениот финансиски товар од задоцнетите кирии за илјадници домаќинства […]

Британскиот министер за здравство во самоизолација


Британскиот министер за здравство Мет Хенкок соопшти дека ќе биде во самоизолација, откако преку мобилната апликација на здравствената служба добил порака дека можеби бил во контакт со заразаен со корона виурс. „Синоќа бев предупреден дека треба да се самоизолирам, па ќе останам дома до недела“, напиша Хенкок на Твитер.

Земјотрес од 6,4 степени во Агрентина


Силен земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди северозападниот дел на Аргентина рано утрово, во областа која граничи со Чиле, што предизвика земјотресот да го почувствуваат жителите на двете јужноамерикански земји. Нема извештаи за повредени, но некои градови останаа без електрична енергија, објави АП. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од […]