Утрово, повторно силен земјотрес во Хрватска, пријавени нови штети во Глина


Нов силен земјотрес ги вознемири граѓаните на Петриња во вторник во 5.44 часот, јавуваат сеизмолозите.

Утрово во 5.44 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба забелеажаа прилично силен земјотрес со епицентар на 10 километри од Глина.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ изјави дека земјотресот кој утринава се случи во близина на градот со јачина од 3,8 степени, придонесе за нови штети, особено во областа Глина.

„Земјотресот ја покажа својата сила и се што остана во градот може да падне. Се слушнаа плочи и други материјали кои паднаа од куќите на улиците“, рече Думбовиќ.

Тој истакна дека тешко настрадале Глина и околните сила, каде што се оштетени многу куќи.

Думбовиќ истакна дека 52 лица пријавила штети. Ја повика државата да направи се луѓето да останатво таа област.