Ердоган вети радикални реформи


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во својот говор на провинцискиот конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот преку видео врска од Истанбул, изјави дека нацијата треба да очекува „порадикални реформи“ во економијата и судството. – Кога ќе дојде вистинско време, ние ќе ја споделиме со нашата нација работата што ја направивме за да спроведеме […]

Теохарис: Вакцинираните против Ковид-19 треба слободно да се движат, но вакцинацијата не треба да биде предуслов за патување


Лицата кои што се вакцинирани против Ковид-19 ќе треба да се движат слободно, сепак, мораме апсолутно јасно да ставиме до знаење дека вакцинацијата не треба да биде задолжителна или предуслов за патување, истакна министерот за туризам на Грција Харис Теохарис за време на состанокот во Мадрид на Комитетот за управување со кризи на Светската туристичка […]

ЕК: До лето треба да се вакцинираат барем 70 отсто од возрасната популација


 Европската комисија препорача денеска дека најмалку 70 отсто од возрасната популација во ЕУ треба да се вакцинира до лето, со цел да се сузбие пандемијата на корона вирусот. Тоа значи дека со вакцинацијата треба да бидат опфатени повеќе од 200 милиони луѓе, со по две дози од вакцините. Кампањата за вакцинација се спроведува во 27 […]

Синот на супермоделот Стефани Сејмур почина од случајно предозирање на 24 години


САД- Хари Брант, син на супермоделот Стефани Сејмур и милијардерот Питер Брант (73), почина од случајно предозирање со дрога на 24-годишна возраст.  Ужаленото семејство за Њујорк Тајмс изјавија: „Со огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот сакан син Хари Брант ја загуби битката со зависноста и почина поради случајно предозирање на лекови на рецепт. Нашите […]

Чешките угостители се регистрираат како политички партии за да можат да примат гости


Протестната иницијатива на чешките угостители „Умре куче“ откри како да се надмине заклучувањето и строгите санитарни мерки на владата и одлучи да формира политичка партија „Ќе ја отвориме Чешка“, и сите ресторани, кафулиња, пабови, па дури и продавници што би сакале да бидат отворени и да примат гости кои ќе бидат регистрирани како локални ќелии, […]

Верижен судир на 130 возила во Јапонија


Јапонија – Во снежна бура која го зафати автопатот во северниот дел на Јапонија и предизвика верижен судир на 130 возила, загина едно лице, а десет се повредени. Бурата околу пладне зафати дел од автопатот Тохоку експресвеј во префектурата Мијаги. Јапонија во изминатите неколку недели ја погоди силно снежно невреме, а во некои делови од земјата […]

Конфликт околу забраната за влез во САД


Пред крајот на мандатот американскиот претседател Трамп донесе одлука за укинување на забраната за влез во САД поради пандемијата. Но, неговиот наследник Бајден тоа веднаш го отфрли Владата на новоизбраниот американски претседателЏо Бајден нема да ја спроведува одлуката на Доналд Трамп за укинување на забраната за влез во државата, меѓу другото и за лица од Европа. „По совет […]

Во Словенија откриен новиот сој на вирусот, во Хрватска нови 520 заразени


  Во Словенија откриен е нов сој на корона вирусот, за кој се сомневаат дека е британскиот. Денеска во Словенија потврдени се 1.690 нови случаи, а починаа 24 пациенти. Во тренд е опаѓање на бројот заразени, а седумдневниот просек изнесува 1.352. Инаку, една словенечка лабораторија во примерок е откриен мутиран корона вирус, многу сличен на […]

„Болеро“ на Равел се враќа на балетната сцена на НОБ


Поради големиот интерес, в петок повторно ќе се одржи гала-оперски концерт во 20 часот, информираат од Националната опера и балет (НОБ). На него ќе настапат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во вториот дел публиката […]

Спасовски и Секуловиќ на Пониква проследија показни вежби на елитните единици на МВР


Во зимско-рекреативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Пониква денеска беа презентирани четири показни вежби од страна на Единицата за брзо распоредување и од Единицата за специјални задачи при Одделот за специјални полициски операции на Бирото за јавна безбедност. Како што соопшти МВР, на изведувањето на показните вежби на елитните единици на МВР во […]

Њујорчани должат над една милијарда долари неплатени кирии


САД – Закупците на станови во Њујорк должат на име на неплатени станарини во текот на пандемијата на Ковид-19 повеќе од една милијарда долари, покажуваат резултатите од едно истражување, пишува Волстрит џурнал. Износот на овој долг е уште една потврда дека надоместоците за невработеност и досегашните сојузни пакети за стимулација не биле доволни за ублажување на […]

Влада: Отстранувањето на ризиците по УНЕСКО статусот на Охридското Езеро мора да биде врвен приоритет за сите


Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија. Покај веќе преземените […]

Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад


Државниот инспекторат за животна средина соопшти денеска дека синоќа биле цел на хакерски напад. -Околу 12:00 часот на полноќ, на 18-ти наспрема 19-ти јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина, стои во соопштението на ДИЖС. Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во […]

Песков: Ситуацијата со Навални е внатрешно прашање на Русија


Притворот за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е внатрешно прашање на Русија, па затоа Москва нема да слуша никакви странски изјави или реакции на ова прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги бројните повици од западноевропските земји за итно ослободување на Навални. Песков истакна дека во случајот со Навални, станува збор за […]

Ни маски, ни дистанца – во црква во Битола се фрлаше крстот


Без маски или со спуштени маски под брадата беа најголем дел од присутните верници во црквата „Св. Недела“ во Битола  каде се фрлаше светиот крст во крстилницата. Во главната соборна црква „Св. Димитрија“, чинот на фрлање на крстот беше откажан, а владиката Петар чиноначалствуваше со литургија во речиси празна црква. Локални медиуми од Битола јавија дека со […]

Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати, годинава предвидени 31.000.000 денари


Премиерот Зоран Заев денеска на својата фејсбук страница напиша дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети. -Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа […]

Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад


Државниот инспекторат за животна средина соопшти денеска дека синоќа биле цел на хакерски напад. -Околу 12:00 часот на полноќ, на 18-ти наспрема 19-ти јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина, стои во соопштението на ДИЖС. Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во […]

Угостителите од 21 јануари ќе работат до 21 часот, следната недела ќе се разгледува нивното работно време да биде до 23 часот


Премиерот Зоран Заев објави на Фејсбук дека денеска на седница на Влада донеле одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, почнувајќи од 21 јануари. -На денешната владина седница ги разгледавме епидемиолошките насоки, при што Владата донесе одлука дека почнувајќи од 21 јануари, угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Со оваа одлука заршува и […]

Медиумскиот пејсаж во Бугарија растресен по влегувањето на нов играч


Британската компанија „Јунајтед груп“, која на овие простори ја поседува независната телевизија Н1, ја купи „Нова радиодифузна група“, чии нејзини издание беа медиумска алатка во рацете на Бојко Борисов   „Јунајтед груп“, водечки мулти-плеј провајдер за телекомуникации и медиуми во Југоисточна Европа, купи голем дел од бугарските медиуми, бидејќи нејзината најнова аквизиција доби дозвола беше […]

Белгискиот виролог Ван Ранст ги критикува богатите земји за вакцините


Еден од најугледните белгиски виролози и член на кризниот штаб за Ковид-19, Марк Ван Ранст, преку Твитер порача дека е неправедно што богатите земји први имаат пристап до вакцините против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој на социјалната мрежа објави мапа на која се гледа дека најбогатите земји имаат најдобра покриеност со вакцини […]