Во Словенија откриен новиот сој на вирусот, во Хрватска нови 520 заразени


 

Во Словенија откриен е нов сој на корона вирусот, за кој се сомневаат дека е британскиот.

Денеска во Словенија потврдени се 1.690 нови случаи, а починаа 24 пациенти.

Во тренд е опаѓање на бројот заразени, а седумдневниот просек изнесува 1.352.

Инаку, една словенечка лабораторија во примерок е откриен мутиран корона вирус, многу сличен на оној откриен цо Англија, кој е многу позаразен и побрзо се шири.

Лицето стигнало во Словенија од Британија.

Во Хрватска пак, забележани се 520 нови случаи со зараза од корона вирус, а активни се 3.084. Меѓу нив 1.713 пациенти се во болница, а 149 на респиратор.

Починаа 29 пациенти или вкупно 4.684.

Досега во Хрватска од Ковид-19 се разболеа 225.648 а оздравеа 217.880. Тестирани се вкупно 1.127.153, од кои 6.259 во последните 24 часа.