Ни маски, ни дистанца – во црква во Битола се фрлаше крстот
Без маски или со спуштени маски под брадата беа најголем дел од присутните верници во црквата „Св. Недела“ во Битола каде се фрлаше светиот крст во крстилницата. Во главната соборна црква „Св. Димитрија“, чинот на фрлање на крстот беше откажан, а владиката Петар чиноначалствуваше со литургија во речиси празна црква.
Локални медиуми од Битола јавија дека со почитување на ковид мерките десетина момчиња скокнале во замрзнатата вода на крстилницата. Сепак од објавените фотографии се гледа дека едвај неколкумина од присутните носеле маски на лице, другите вклучувајќи ги и свештениците сите се без маски на лицето и без почитување на предвидената дистанца.
Храмот „Св. Димитрија “ во Битола, каде секоја година беше главната церемонија на фрлање на крстот годинава беше празен, без организиран Водосвет и фрлање на крстот во водата на крстилницата во црковниот двор. Свештениците во „Св. Димитрија“ носеа маски на лице. (А.Б.)