Жена со „мерцедес“ се забила во четири паркирани возила


Илустрација

 

Во понеделникот, во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила.

Та удрила во „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје.

Во незгодата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.