Фатен крадец во маркет во село Марино


Во понеделникот сред бел ден, во 13.20 часот во маркет во село Марино, Скопско, полициски службеници го лишиле од слобода З.П.(60) од село Миладиновци, скопско, затоа што бил затекнат при извршување кражба во маркетот.

Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.