Мадуро ќе го менува знамето на Венецуела


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро му предложи на Народното собрание да се додаде уште една ѕвезда на знамето на оваа земја. Со тоа на централниот дел од тробојката (жолта, сина, црвена) би била додадена и деветта ѕвезда како признавање на државата Зулиа, во северозападниот дел од земјата, за 200-годишнината од ослободувањето од Шпанија. Оваа држава е […]

Албанските граѓани ќе добијат „ковид пасош“ по примената прва доза на анти-ковид вакцината


 Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување“ во странство. -Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие […]

Станкоски: Прилепскиот комбинат е подготвен за откуп, се зависи од потпишувањето на договорите со кооперантите на „Далија табак“


Прилепскиот тутунски комбинат упатува отворен повик до кооперантите на компанијата „Далија табак“ што побрзо да ги потпишат договорите за преземање на тутунот преку Комбинатот. Според Кире Станкоски, генерален директор на Прилепскиот тутунски комбинат, колку побрзо кооперантите се пријават да го потпишат договорот со Комбинатот, толку побрзо ќе им се преземе родот. – Упатувам апел кооперантите на […]

Зголемен бројот на смртни случаи во Велика Британија


Во Велика Британија во изминатите 24 часа се потврдени нови 1.401 смртни случаи од Ковид-19, што претставува пораст во однос на претходниот ден кога беа регистрирани 1.290. Според официјалните податоци, забележани се 40.261 нов случај на зараза од коронавирус. Владините податоци покажуваат дека досега првата вакцина против Ковид-19 ја примиле 5,38 милиони луѓе.

Во Италија пад на бројот на новозаразени и починати од Ковид-19


Во последните 24 часа во Италија се пријавени нови 472 смртни случаи од коронавирус, што е намалување во споредба со претходниот ден кога починаа 521 лице, соопшти Министерството за здравство во Рим. Дневниот број на нови случаи на заразени исто така опадна, така што денеска се регистрирани 13.633 новоинфицирани лица, во споредба со вчерашните 14.078. Од последниот пресек, тестирани се 264.728 лица. Од […]

Нови 307 случаи на Ковид-19, 14 починати, 658 оздравени пациенти


Нови 307 случаи на Ковид-19, 14 починати, 658 оздравени пациенти се евидентирани во последните 24 часа. Како што соопшти Министерството за здравство, направени се 1.854 тестирања, а од новите 307 случаи на Ковид-19 во Скопје се 137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, […]

Нередот што го остави Трамп зад себе е на насловницата на „Тајм“


САД- Америка отвора ново поглавје со Џо Бајден. Весниците и магазини се фокусираат на смената во Белата куќа, напуштањето на функцијата на Доналд Трамп кој не беше баш омилен кај американските медиуми и пристигнувањето на Џо Бајден на неговото место. Најмногу внимание предизвика насловницата на влијателниот „Тајм“. Илустрацијата на Овалната соба, според „Тајм“ го отсликува […]

Уште еден висок пораз на македонските ракометари на СП


 Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во главната фаза на Светското првенство, откако попладнево загуби убедливо од Русија со 32:20 (19:9). Победникот на мечот беше решен веќе на средина на првото полувреме, во кое македонските ракометари почетниот гол го постигнаа дури во шестата минута, а по 17 минути игра на семафорот стоеше убедлива предност на Русите […]

Пожар во средно училиште во Драчево


Во четвртокот, околу 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во работилница во средно училиште во нас.Драчево настанал пожар, при што биле опожарени  компјутери и документи. Пожарот е изгаснат од противпожарна екипа од Скопје.

Османи: Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива


Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива. И кога велам нема алтернатива не мислам само за нас за земјите од Западен Балкан, туку и за нив државите од ЕУ. Без разлика на предизвиците со кои сме соочени, без разлика на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука […]

Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието


Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование. „Ми останува да повикам на поддршка на оваа […]

Од Ковид-19 во Србија починаа уште 19 пациенти, заразени уште 1.709


  Споре дпоследните податоци, во Србија во последните 24 часа починаа уште 19 пациенти, а регистрирани се 1.709 нови случаи на зараза. Тестирани биле 10.638 примероци. Од почетокот на епидемијата кај нашиот северен сосед починаа вкупно 3.849 пациенти, а заразени се вкупно 380.802 луше. Во болница се лекуваат 4.731, додека на респиратор се 161 пациент. […]

Охрид не е на црната листа, ќе биде под засилен мониторинг на УНЕСКО


Лејла Сабит Охрид може да биде ставен на листата на светско наследство во опасност, односно едно скалило подолу од сегашниот негов статус. Тоа не значи исклучување од листата на светско наследство на УНЕСКО, туку засилен мониторинг односно соработка и поддршка од УНЕСКО во насока на спроведување на Конвенцијата, поголема посветеност и ангажман, од страна на […]

Енигма: Од каков вирус почина легендарната актерка Мира Фурлан?


Хрватска- Актерската легенда Мира Фурлан завчера почина во Лос Анџелес на 66 години. Според некои медиуми, починала од западнонилска треска што ја пренесува заразен комарец.  Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања


 На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата. – Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во […]

Во Србија вакцинирани 100.511 лица, но и за нив снемува вакцини


  Во Србија, до денеска вакцинирани се 100.511 лица, пренесе „Блиц“, а граѓаните на Србија може да бирата меѓу три вакцини, „спутник V“, „Фајзер/Бионтек“ и „Синофарм“. По вакцинацијата пријавени се 20 несакани ефекти, вели Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински средства. Се очекува во Србија да пристигне и вакцината на Оксфорд која се […]

Бајден го отстрани „копчето за кока-кола“ од работната маса во претседателскиот кабинет поставено од Трамп


Американскиот претседател Џо Бајден го отстранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет за повик на батлерот да донесе диетална кока-кола. Во првата година од мандатот на Трамп никој не занел дека воопшто постои такво копче, но новинарка на Асошиејтед прес забележала нешто чудно. Таа тогаш опиша […]

Мицкоски: Секој граѓанин има право на избор, дали ќе апстинира или ќе им отвори врата на попишувачите


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ чека законот за попис да излезе во Службен весник да почнат со собирање потписи од граѓаните со кои ќе побараат во Парламентот да се укине донесениот Закон за попис. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во интервју за ТВ Алфа рече дека најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, но ги […]

Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово


Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово. Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки. – При прогласување на надминување на праг на алармирање […]

Мицкоски: Не е само Бугарија пречка за ЕУ


Во денешното издание на вестите на ТВ Алфа  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше за неколкудневната посета на земјите од регионот, како и за темите кои биле предмет на разговорите со Јанез Јанша, Виктор Орбан и Андреј Пленковиќ. Притоа, Мицкоски потенцираше дека средбите со лидерите од регионот биле плодни и на истите се споделувале искуствата во […]