Зголемен бројот на смртни случаи во Велика Британија


Во Велика Британија во изминатите 24 часа се потврдени нови 1.401 смртни случаи од Ковид-19, што претставува пораст во однос на претходниот ден кога беа регистрирани 1.290.

Според официјалните податоци, забележани се 40.261 нов случај на зараза од коронавирус.

Владините податоци покажуваат дека досега првата вакцина против Ковид-19 ја примиле 5,38 милиони луѓе.