Во Италија пад на бројот на новозаразени и починати од Ковид-19


Во последните 24 часа во Италија се пријавени нови 472 смртни случаи од коронавирус, што е намалување во споредба со претходниот ден кога починаа 521 лице, соопшти Министерството за здравство во Рим.

Дневниот број на нови случаи на заразени исто така опадна, така што денеска се регистрирани 13.633 новоинфицирани лица, во споредба со вчерашните 14.078.

Од последниот пресек, тестирани се 264.728 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Италија се заразиле вкупно 2,44 милиони луѓе, а 84.674 лица починале.