Мадуро ќе го менува знамето на Венецуела


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро му предложи на Народното собрание да се додаде уште една ѕвезда на знамето на оваа земја.

Со тоа на централниот дел од тробојката (жолта, сина, црвена) би била додадена и деветта ѕвезда како признавање на државата Зулиа, во северозападниот дел од земјата, за 200-годишнината од ослободувањето од Шпанија.

Оваа држава е економски многу важна за Венецуела, пред сѐ поради нафтата, но исто така е еден од поважните земјоделски региони во земјата.

Додадената ѕвезда би ја претставувала „силата на бунтовниот дух“.