Во ноември 60,8 отсто од потрошената струја била од домашно производство


Лани во ноември земјава потрошила вкупно 671.057 мегават часови електрична енергија, 45,016 милиони нормални  метри кубни природен гас, 402.743 тони јаглен и 85.862 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 60,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а  96,2 отсто од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.

Во годината на Ковид пандемијата двојно помалку сообраќајни несреќи во Гостиварско


Минатата година по сообраќајниците низ Гостиварско биле регистрирани 226 сообраќајни незгоди. Тоа за 99 помалку во споредба со претходната 2019 година. Од СВР Тетово информираат дека значително е помал и бројот на сообраќајки со тешко повредени (36) и со телесно повредени лица (66). Во незгодите четири лица ги загубиле животите од повреди. Нешто повеќе од […]

Заштитни паравани во основните училишта во Чаир како заштитна мерка од Ковид-19


Во ОУ „Хасан Приштина“ денеска беше промовиран проектот на Општина Чаир за поставување на 1950 заштитни паравани во 10 основни училишта на територијата на оваа општина. Тие, како што истакнаа општинските власти, треба да овозможат поефикасна заштита на учениците од прво до трето одделение кои наставата ја следат со физичко присуство во овој период на […]

Аутлет акција во „Нептун“


OUTLET акција во Нептун – Голема распродажба по неверојатни цени за огромни заштеди! Само од 25-31 јануари во сите Нептун продавници има OUTLET акција, голема распродажба на производи од сите категории по неверојатно ниски цени за огромни заштеди! #АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт […]

Пленковиќ од „Фајзер“ очекува да го исполни договорот за набавка на вакцините


 Пазарот за вакцини против коронавирусот е „киднапиран“, има земји кои плаќаат повеќе за да дојдат до нив, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека Хрватска нема да биде меѓу нив, но дека очекува американската компанија „Фајзер“ да го исполни договорот за испорака на вакцините. Пленковиќ потсети дека владата минатата недела се согласи Хрватска да […]

Претставници на НУК в петок на средба со вицепремиерот Битиќи


 Независната угостителска комора (НУК) за петок, 29 јануари, во 14 часот доби покана за работна средба со вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи по основ на доставените и предложени барања и очекувања од Владата за поддршка и помош од петтиот сет економски мерки, информира претседателот на Независната угостителска комора, […]

РСЕ: Велика Британија соочена со нова политичка криза по најавата за можен нов референдум за независност на Шкотска


Велика Британија, соочена со планот на водечката шкотска партија да одржи нов референдум за независност на Шкотска, на кој владата во Лондон остро се спротивставува, како и анкетите што покажуваат дека мнозинството шкотски гласачи се за независност и враќање во Европската унија, е загрозена од нова политичка и уставна криза, јави Радио Слободна Европа (РСЕ) […]

Живко Мукаетов уште четири години на чело на РФМ со целосна поддршка на клубовите


Живко Мукаетов ќе продолжи да раководи со Ракометната Федерација на Македонија и во наредните четири години, откако актуелниот претседател ја доби поддршката на сите клубови и ракометни здруженија во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи в недела во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Сите ракометни колективи со право на глас и писмено му […]

Поранешни новинари на А1 телевизија сведочеа за аферета „Списоци“ од 2011 на судењето за „Титаник“


 Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го кажа сведокот Чадиковски, во случајот „Титаник“, каде додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките […]

Националното тело за имплементација на конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост ја поддржа Нацрт-концепцијата за основно образование


Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата направи анализа на Нацрт-концепцијата за основно образование и при тоа ги консултираше своите членови и партнери – организациите на лица со попреченост, соопшти владината прес-служба. Нацрт-концепцијата била разгледана и анализирана на втората одржана седница на Националното координативно тело […]

Обвинение против брат и сестра од Скопје за напад врз полицаец


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против брат и сестра од Скопје, кои на 20 јануари годинава извршиле напад врз службено лице – полицаец. Обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на 20 јануари во вечерните часови, нападнале и повредиле службено лице – полицаец кој извршувал работни задачи […]

ЕУ платила за вакцините на „АстраЗенека“, но вакцините нигде ги нема


Во конфузијата околу испораките на вакцините за земјите-членки на ЕУ и со тоа на процесот на вакцинирање се надоврзува нејасниот случај со британско-шведската компанија „АстраЗенека“. Брисел е многу изнервиран затоа што уште есеноска потпиша договор со „АстраЗенека“ (чие седиште е во Кембриџ), за тоа плати неколку стотици милиони евра (сумата уште не се открива), а […]

Новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран во последните анализи на МАНУ


 Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 11 јануари не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди, како што се посочува, се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Северна Македонија дијагностицирани во периодот […]

Охриѓанец снимен како краде бекатон плочки од тротоар


  На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа возрасен човек со паркирана кола со охридски таблички како среде бел ден краде бекатон плочки од недовршен тротоар. На снимката  јасно се гледа дека бекатон плочките ги става во гепекот. Неодамна се прошири и видео снимка која регистрираше две жени крадат цвеќиња од градска […]

Поранешен грчки министер пронајден мртов кај Евија


Поранешниот грчки министер од редовите на ПАСОК Сифис Валиракис , синоќа беше пронајден мртов во морскиот дел во близина на островот Евија, откако претходно со неговиот мал чамец излегол да плови и му се изгубила трагата, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми веројатно станува збор за несреќен случај, откако 77-годишниот Валиракис од […]

Бугарски генерал очекува притисок од САД за спорот со Македонија


САД ќе извршат притисок за побрзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, смета поранешениот шеф на бугарската Национална разузнавачка служба, генерал Димо Ѓуров. Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување […]

Водостојот на Преспанското Езеро зголемен за еден сантиметар


За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во однос на вчера, со што езерото за 32 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, при што нивото е за 1,35 метри пониско од просекот за јануари. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на останатите две природни езера се исти како […]

Нови 1.000 домаќинства од општина Гази Баба ќе се приклучат на градското парно


Премиерот Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид на неколку тековни проекти кои Владата и локалната самоуправа заеднички ги реализираат во оваа општина меѓу кои и поврзувањето на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа, инвестиција вредна 600.000 евра. -Една од стратегиските определби на […]

ОЈО покрена постапка против 46-годишен тренер по џудо кој извршил полови дејствија врз деца​


 Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување. На предлог на јавен обвинител на лицето му е одреден притвор во траење од 30 дена. – Осомничениот како тренер по џудо, од […]

Пристап до интернет преку мобилна мрежа имаат 1.348 663 претплатници


Заклучно со третиот квартал лани во државава се регистрирани 1 348 663 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилните мрежи, што е за 92 048 повеќе споредено со вториот квартал, односно за 46 000 во однос на третото тримесечје во 2019, покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за електронски […]