Пендаровски: Македонскиот јазик се негира од политички причини


Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески заслужува најголема почит и благодарност. Заслужува, еден век од неговото раѓање, 2021-вата да биде година во негова чест. Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во обраќањето преку видео-порака на отворањето на Зимската школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, литература […]

Борел: ЕУ ќе одговори на апсењата во Русија


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека неговите колеги од земјите членки на ЕУ во следните неколку часа ќе го разгледаат одговорот на апсењето на повеќе од 3.000 демонстранти во Русија во саботата. Пред состанокот на шефовите на дипломатиите од ЕУ тој кажа дека ЕУ ќе одговори на „загрижувачкиот развој на настаните во […]

Де Соуса го освои вториот мандат на претседателските избори во Португалија


Португалскиот претседател Марсело Робело де Соуса победи во првиот круг од претседателските избори, стекнувајќи ја довербата на гласачите за втор мандат, покажаа официјалните резултати. На вчерашните избори 72-годишниот претседател освои 61 процент од гласовите, девет проценти повеќе отколку при победата во 2016 година, пренесуваат британските медиуми. Меѓутоа, на овие избори излезноста беше само 40 отсто […]

Во Грција потврдени 33 случаи на новиот вид на корона вирусот


Од анализирани 235 позитивни примероци на Ковид-19 потврдени во периодот од 11 ноември 2020 година до 18 јануари во Грција, 33 се однесуваат на новиот вид на корона вирусот. По направените анализи на Институтот за биомедицински истражувања, од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека 172 од анализирани позитивни примероци се однесуваат на […]

Во пукотница во Индијанаполис загинаа петмина, меѓу кои и 19-годишна бремена жена


Пет лица, меѓу кои и 19-годишна бремена жена, увиени се во пукање на северот на Индијанаполис во САД. Еден малолетник е тешко ранет и се наоѓа во критична состојба. Полицијата добила дојава дека се пука околу 4 часот по локално време. На улица го пронашле ранетиот малолетник, а набрзо ги пронашле и шетте тела на […]

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на обвинителството


Со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“. Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО, меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето се уште е во фаза на изведување докази. Од вкупниот […]

Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД


Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД за лицата кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа. – Новиот претседател исто така ќе ги прошири овие забрани за луѓе кои неодамна биле во Јужна Африка поради информации за појава […]

Аплицирање за субвенции преку „Купи куќа, купи стан“ до крајот на годинава


Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“ на Министерството за финансии. Објавен е јавен повик согласно кој ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември годинава за државна субвенција на учеството или месечната рата за купување на стан или на куќа, соопшти денеска […]

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии


Oд утре  26.01.2021 година, (вторник) почнува етапната исплата на јануарските  пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.   Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои […]

Конгресмените добиваат закани во пресрет на расправата за импичмент на Трамп


Американските безбедносни служби во моментов испитуваат голем број закани упатени кон конгресмените пред најавеното продолжение на расправата во Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Американските медиуми, повикувајќи се на анонимен извор од новата администрација, дознаваат дека на конгресмените им пристигнувале закани за убиства и физички напади надвор од Капитол Хил. Поради заканите […]

Во Индија најавено тестирање на вакцината на „Модерна“


Индиската здравствена деловна групација „Тата“ соопшти дека започнале првични преговори со американската фармацевтска компанија „Модерна“ за употреба на нејзините вакцини во Индија. Во извештајот на индискиот дневен весник „Економик тајмс“ се наведува дека деловната групација треба да формира заеднички експертски тим со индискиот Совет за научни и индустриски истражувања, кој ќе биде одговорен за спроведување […]

На кого личи леди Дајана: Братот сподели ретки портрети од мајката Френсис Шанд Кид


Англија-Чарлс Спенсер, 9-тиот Ерл Спенсер, оваа недела сподели портрет на мајка му Франсис Шанд Кид (родена Рош) на неговата страница на Инстаграм. Портретот покажува неверојатна сличност со принцезата Дајана, а мајката и ќерката делат слична руса коса и големи сини очи. Мајка ми – на овој, нејзиниот 85-ти роденден, “Чарлс го напиша со наслов портретот, […]

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сандерс планира да се кандидира за гувернерка на Арканзас


Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс денеска ќе ги објави плановите за нејзината кандидатура за гувернерка на Арканзас, изјави официјален претставник запознат со ситуацијата. Таа ќе ги објави своите планови преку видео врска за да побара поддршка од републиканците да се кандидира на изборите во ноември 2022 година. Актуелниот гувернер на Арканзас, Аса Хачинсон […]

Неочекувано откритие и филм од 2017 г. фрлаат ново светло на потеклото на корона вирусот


  Институтот за вирологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе подолго време се наведува како можен извор на ширењето на заразата. Но, кинеските власти ги отфрлаат тие тврдења како „чиста шпекулација“ и истакнуваат дека во таа лабораторија важи високо ниво на безбедност. Сепак, еден документарен филм, кој на државната телевизија […]

Кина ги надмина САД и стана најголем примател на странски директни инвестиции


Кина ги надмина САД минатата година и стана најголемиот примател на странски директни инвестиции (СДИ).  Минатата година беа инвестирани 163 милијарди долари во Кина, додека САД мораа да се задоволат со инвестиции од 134 милијарди долари, покажуваат податоците на УНКТАД објавени во неделата. За споредба, во 2019 година, САД привлекоа 251 милијарда долари инвестиции, а […]

Во САД со коронавирус заразени над 25 милиони луѓе


Во Соединетите Американски држави бројот на лица заразени со новиот коронавирус официјално надмина 25 милиони од почетокот на пандемијата, неколку дена откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата, ставајќи ја борбата против Ковид-19 на врвот на неговата листа на приоритети. Универзитетот „Џон Хопкинс“ во неделата наутро регистрира 25.003.695 заразени, а починале повеќе од 417.000 луѓе. […]

Повторно затворање на Франција, предлага претседателот на францускиот Научен совет


Претседателот на Научниот совет задолжен да ја советува француската Влада за епидемијата со Ковид-19, Жан-Франсоа Делфреси, поради ургентната состојба со доаѓањето на новите варијанти на Ковид-19, ја изнесе идејата за прегрупирање или повторно затворање – карантин на земјата, јави дописникот на МИА. -Колку побрзо ќе ја донесете одлука, толку таа ќе биде поефикасна и може […]

Америка по инаугурацијата: Може ли Бајден да ги залечи раните


Во деновите по инаугурацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, попуштаат обемните безбедносни мерки, припадниците на Националната гарда се повлекуваат од градските улици, се отвораат метални огради со кои беа обезбеден Капитол Хил, како и станиците во метрото. На денот на кој беше објавено поништувањето на мерките за итни случаи најавени пред и за време на […]

Продолжи работата на изградбата на Северен поток 2


Бродот „Фортуна“ започна со работа за продолжување на изградбата на гасоводот „Северен поток 2˝“ во водите на Данска, соопшти операторот на проектот. Операторот додаде дека работите се изведуваат во согласност со добиените одобренија. Бродот се наоѓа јужно од островот Борнхолм од 22 јануари. Проектот „Северен поток 2“ вклучува изградба на два крака на гасовод со […]

И мексиканскиот претседател Обрадор позитивен на корона вирусот


Мексиканскиот претседател Андрес Лопез Обрадор е позитивен на коронавирус, пренесе Би-Би-Си. Тој на својот профил на Твитер напиша дека има лесни симптоми и дека е оптимист за текот на болеста. Веста доаѓа во време кога неговата земја веќе има над 150.000 смртни случаи од коронавирус. Обрадор изјави дека ќе продолжи да ги извршува своите должности […]