Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на обвинителството


Фото: Б. Грданоски

Со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО, меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето се уште е во фаза на изведување докази.

Од вкупниот број на вербални докази предложени од обвинителството до крај на ова фаза свој искази се очекува да дадат уште 50-тина сведоци.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.