Продолжи работата на изградбата на Северен поток 2


Бродот „Фортуна“ започна со работа за продолжување на изградбата на гасоводот „Северен поток 2˝“ во водите на Данска, соопшти операторот на проектот.

Операторот додаде дека работите се изведуваат во согласност со добиените одобренија.

Бродот се наоѓа јужно од островот Борнхолм од 22 јануари.

Проектот „Северен поток 2“ вклучува изградба на два крака на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.

Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

На 19 јануари, САД воведоа санкции за бродот „Фортуна“, кој учествува во изградбата на гасоводот, како и за сопственикот на бродот, компанијата КВТ-РУС.