Старџен најави нов референдум за независност на Шкотска доколку СНП победи на изборите во мај


Шкотската премиерка, Никола Старџен, изјави дека има намера да одржи „законски референдум“ за независност од Велика Британија доколку победи на изборите во Шкотска закажани за мај. Американските медiуми пренесуваат дека ваквиот потег ќе доведе до неминовен судир со премиерот Борис Џонсон, кој е против повторното гласање за отцепување. На референдумот во 2014 година Шкотска гласаше […]

Во Словачка тестирани 1,3 милиони луѓе, 0,77 отсто позитивни


Вкупно 1.303.949 лица беа тестирани за коронавирусот за време на скрининг тестот низ Словачка во саботата, при што 9.979 или 0,77 проценти се позитивни на тестот, изјави словачкиот премиер Игор Матовиќ. Министерот за внатрешни работи Роман Микулец рече дека во саботата се отворени 3.791 место за тестирање. Тој забележал дека ситуацијата е мирна и дека има […]

Австралија ја одобри вакцината на Фајзер


Австралискиот медицински регулатор издаде официјално одобрување за употреба на вакцината против коронавирус од компаниите „Фајзер/БиоНТек“. Австралија со тоа стана една од првите земји што завршија сеопфатно одобрување, рече премиерот Скот Морисон. Тој изјави дека вакцината е привремено одобрена од страна на Управата за терапевтски производи (ТГА) за Австралијците над 16 години. Министерот за здравство, Грег Хант […]

Бајден и Макрон со голем број идентични ставови во првиот телефонски разговор


Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, вчера телефонски разговараа, за прв пат откако Бајден ја презеде функцијата во САД, минатата недела. Во разговорот, Бајден изразил желба да ги зајакне билатералните врски, соопшти Белата куќа. Британските медиуми пренесуваат дека Бајден ја потенцирал неговата посветеност на зајакнување на трансатлантските односи преку НАТО и американското […]

Собранието треба да расправа за избор на Насер Зибери за народен правобранител


Собранието денеска треба да ја започне 32. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за избор на Народен правобранител. За народен правобранител е предложен Насер Зибери. Неизвесно е дали денеска Собранието ќе има кворум за работа, имајќи предвид дека владејачките партии немаат мнозинство во моментот поради отсуство на пратеници поради Ковид-19, односно изолација. […]

Анкети: Де Соуса пред втор претседателски мандат во Португалија


Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса е на прагот да го освои вториот мандат откако однесе убедлива победа во првиот круг од вчерашните претседателски избори, навестуваат резултатите од излезните анкети. Според анкетите, Де Соуса (72), поранешен професор по право, популарен како политички коментатор, освои 55,5 до 62 проценти од гласовите, според трите излезни анкети по […]

Пописот во фокус на политичките субјекти во очекување на потписот на претседателот на Законот


Во очекување на потписот на указот на Законот за попис од претседателот на државата Стево Пендаровски, лидерите на владејачките партии пред јавноста ја објаснуваат важноста од оваа статистичка операција, која во земјава треба да се случи по 19 години од 1 до 21 април. Премиерот и лидер на владејачката СДСМ повтори дека не гледа никакви […]

Се чекаат првите вакцини „Фајзер“ од Србија и термините за достава од КОВАКС


Првите антиковид вакцини од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител се очекуваат во земјава во средината на февруари. Се чека прецизирање и на терминот кога ќе ги добиеме вакцините од КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, како и известување за вакцините што ќе ни ги отстапат солидарно земји членки на ЕУ. Но, пред сите […]

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на некои повисоки места


Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни патишта, а на некои повисоки места ина остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонијапат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, како и во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој […]

Седници на собраниските комисии за транспорт и екологија и за труд и социјална политика


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија и труд и социјална политика. На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за водите и на Законот за заштита на природата, двата во прво читање. Комисијата за труд и социјална […]

Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше Проески


Организцитте на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), оваа година, по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески. Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот […]

Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег


На места утрово има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.  […]

По речиси пет години нов круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција


По пауза од речиси пет години, денеска во Истанбул продолжуваат прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција, со одржување на 61-от круг, јави дописничката на МИА од Атина. Ставот на грчката страна е дека прашањата што се однесуваат на одредување на ексклузивната економска зона и континенталниот гребен во Егејското море и Источниот Медитеран, се единствените теми […]

Израел херметички се затвора


Израел ќе ги забрани сите летови од и во земјата за да го спречи новиот сој на вирусот. Новите правила, наводно, треба да стапат утре на полноќ. Според весникот „Хаарец“, премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на владиниот состанок рекол: „Ние сме пред целиот свет. Ниту една нација не го стори тоа што сакаме да го […]

Холандската полиција користеше водени топови против демонстрантите


  Холандската полиција користеше водени топови, кучиња и полицајци на коњи за да ги растера демонстрантите во центарот на Амстердам кои денеска се побунија против затворањето и приведе повеќе од стотитна луѓе, поради фрлање камења и пиротехнички средства. Демонстрациите на градскиот плоштад со кои се прекрши забраната за јавни собири, следеа ден по одлуката на […]

Хамбург: Карантин за околу 500 вработени во Ербас


Ербас денеска соопшти дека околу 500 вработени се ставени во карантин, откако 21 работник биле позитивни на коронавирусот. Компанијата потврди дека од вработените било побарано превентивно да останат дома сè додека не се утврди што ја предизвикало инфекцијата кај 21 работник и дали станува збор за инфекција со новата мутација на коронавирусот, која за првпат беше откриена во Велика Британија. – […]

Симптоми на зараза со новата мутација на корона вирусот


 Британски научници истакнаа дека е од клучно значење што е можно побрзо да се препознаат симптомите на зараза со новата мутација на корона вирусот, која брзо се шири низ Велика Британија. Симптомите се слични како кај последната варијанта на корона вирусот: висока температура, постојано кашлање, губење на чувството за мирис, но и црвенило и израстоци […]

Осумгодишниот син на Ципрас позитивен на Ковид-19


Лидерот на Сириза Алексис Ципрас, преку социјалните мрежи објави дека неговиот син Орфеас е позитивен на Ковид-19, односно како што напиша „коронавирусот денеска го посети и нашиот дом“, јави дописничката на МИА од Атина. Осумгодишниот син на поранешниот грчки премиер, синоќа имал благи симптоми, денеска се тестирале сите, а според резултатите, Ципрас, неговата партнерка и […]

Мило Ѓукановиќ останува претседател на ДПС


Мило Ѓукановиќ денеска е реизбран за претседател на Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, одлучено е на вонредниот конгрес на партијата. За Ѓукановиќ, кој е и претседател на Црна Гора, гласаа 585 делегати, додека еден беше воздржан, пренесува РТЦГ. Јевто Ераковиќ, Иван Вуковиќ, Абаз Диздаревиќ и Сања Дамјановиќ беа избрани за потпретседатели на ДПС. Ѓукановиќ беше единствениот кандидат […]

Во Албанија продолжуваат високите дневни бројки на нови случаи со Ковид-19


 Во Албанија и во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на нови случаи со Ковид-19, јави дописничката на МИА. – Во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 833 лица од направените 3.511 тестови, што е 24 отсто од тестираните. И покрај сите апели, продолжува непочитувањето на мерките за заштита, што како последица е континуираниот раст на нови […]