Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот


Треба да се направи сериозна анализа на законската рамка и на праксата за да може да се дојде до заклучок дали има потреба од промена на Законот за спречување корупција и дали има потреба од нов закон, смета министерот за правда Бојан Маричиќ во однос на утврдувањето на потеклото на имот на функционерите. – Мислам […]

„Ma људи моји, јели то могуће? Лудница, шта је ово?“ 


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Партизација на секоја институција во државата и секое работно место, на општествениот систем воопшто, нужно ја укина професионалноста и стручноста, континуитетот во работењето на државните институции   „Ма људи моји, јели то могуће? Лудница, шта је ово?“, ечеше етерот од гласот на Младен Делиќ во мигот кога Бугарите ги наведнаа главите и како многупати […]

Бајден во Холивуд ќе го бара идниот американски амбасадор во Англија


САД– Џо Бајден размислува да се сврти кон Холивуд за неговиот следен американски  амбасадор во Англија, според официјални претставници на Велика Британија . Се смета дека двајца врвни бизнисмени со филмско портфолио се во трката за ова амбасадорско место во Лондон, една од најпрестижните во дипломатскиот круг на САД. Едниот е Џефри Каценберг, поранешен претседател […]

Петриња се тресеше и попладнево


  Во попладневните часови, нов земјотрес ја погоди сисачко-мославичката жупанија во Хрватска. Според податоците на Сеизмолошката служба, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени, а епицентарот бил во близина на Петриња. – Овој беше прилично силен, прво експлозија, потоа се тресеше, целата куќа се тресеше како истрелана граната, ова беше навистина силно, кратко, но прилично […]

Грција го вклучува и колхицинот во терапијата за Ковид-19


 По едногласната позитивна одлука на Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, колхицинот се вклучува во протоколот за третман на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Терапијата со колхицин ќе биде за пациенти позитивни на Ковид-19, постари од 60 години, без оглед дали имаат претходни заболувања и за пациенти на […]

Сообраќајот непречено по влажни коловози, врнежи од снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на […]

Шекеринска меѓу 153 потписници на писмо до претседателот Бајден


На покана на Центарот за американски прогрес (Center for American progress) и Мрежата за глобален прогрес (Global Progress Network ), министерката за одбрана Радмила Шекеринска го стави својот потпис на писмото за поддршка до американскиот претседател Џо Бајден, за нови политики во борбата со климатските промени, соопшти Министерството за одбрана. – Таа борба е заедничка […]

Преполовени испораките на вакцината на АстраЗенека за Белгија


Белгија во првиот квартал од 2021 година ќе добие 650.000 дози од британско-шведска вакцина на АстраЗенека, наместо договорените 1,5 милиони дози, соопштија белгиските власти. Министерот за здравство Френк Ванденбрук денеска предупреди дека фармацевтските компании за производство на вакцини во моментов имаат „монопол на пазарот“, а земјите-членки на ЕУ се во „зависна позиција“. Пред „АстраЗенека“, која сè уште чека одобрување […]

Во Србија од Ковид-19 починаа уште 18 пациенти, новозаразени се 1.318


Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале, а тестирани се 7.549 лица. Од почетокот на пандемијата во Србија, вкупно 383.603 лица се разболеле од ковид-19, а 3.886 лица починале. Српската влада денеска објави дека досега повеќе од 200.000 лица се вакцинирани против коронавирус, како и дека […]

(Видео) Падна авион со фудбалери во Бразил, нема преживеани


Aвион со членови на Фудбалскиот клуб Палмас ФР се урна во Бразил. Нема преживеани.  Екипата на Ф.А. Палмас, која се натпреварува во четвртата лига од бразилскиот шампионат, замина на гости кај екипата на Вила Нова во Гојаш. Авионот се урна непосредно по полетувањето од  засега непознати причини. Несреќата се случила во осум часот наутро по […]

Дебранец физички го нападнал татко му, полицијата го привела


Во полицската станица во Дебар е приведен дебарнец поради физичики напад на својот татко. -Денеска околу два часот во полициската станица е приведен А.Л.(34) од Дебар кој претходно, во семејниот дом, физички го нападнал својот татко. Против него дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни […]

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП


 Пораз од Белорусија со резултат 30:26 забележа македонската репрезентација во последниот свој натпревар на 27. светски шампионат во Египет. Избраниците на селекторот Данило Брестовац, кои Мундијалот го завршуваат со пет порази и само една победа, одиграа добро прво полувреме во кое во најголемиот дел имаа водство, но на пауза се отиде со нерешени, 14:14. Во […]

Чад од зградата на Парламентот во Лондон (Видео)


  Од зградата на Парламентот во Лондон излегуваше бел чад, а се огласија и сирените за тревога. Лондонската противпожарна бригада соопшти дека се работи за пареа. Владата на Велика Британија исто така, потврди дека тоа е само пареа, а како што наведува Дејли експрес, пратениците не објасниле зошто ако било само пареа, се огласил противпожарниот […]

Повреден рудар во Крива Паланка


Рудар на возраст од 55 години се здобил со повреди откако паднал од машина во рудник во Крива Паланка. Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот во полиција, од Здравствен Дом-Крива Паланка било пријавено дека кај нив дошол Г.С.(55) од Крива Паланка и побарал лекарска помош бидејќи додека бил на работно место во рудник […]

Заев: Никогаш не сум посочил оти други лица се виновни за случајот „Монструм“


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро познато во јавноста како случајот  „Монструм“. -Ако имав лица да посочам, од 2015 еве до 2021 година ќе ги посочев до сега. Никогаш не сум спомнал дека друго лице е виновно. Сум давал свои коментари, […]

Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото. Тој за француското […]

Не е шега: Кумановска агенција нуди тура до Врање и шопинг во „Лидл“


Туризмот и угостителството најмногу страдаа за време на пандемијата на корона вирусот, но не е сè толку сиво. На туристите од Северна Македонија деновиве им беше дадена посебна можност да го обиколат Врање, а посетата на „Лидл“ беше особено истакната како врв на аранжманот, пишува Нова.рс. Понудата на кумановска туристичка агенција, која рекламира еднодневно патување […]

Заев: Поддржувам постапка за брзо обезбедување државјанство, но не може со сведоци


Ќе поддржам постапка за брзо обезбедување државјанство на оние досега констатирани 650 или 800 граѓани и колку и да се во иднина, кои на најбрз, но најпрофесионален начин, ќе ја потврдат причината за добивање  државјанство. Но не може да се поддржи предлогот на Алијанса за Албанците со тројца сведоци да се добие државјанство, изјави премиерот […]

Ахмети тврди дека спорот со Бугарија ќе се реши оваа пролет


Оваа пролет, ќе се излезе од ќор-сокакот и проблемот со Бугарија ќе биде решен, изјави Али Ахмети, лидер на Демократска унија за интеграција (ДУИ). Тој ова тврдење го искажа во одговорот на прашање во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби. – Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се […]

Шведска привремено ги затвора границите со Норвешка


Шведска– Шведските власти денеска соопштија дека од полноќ привремено ќе ги затворат границите со Норвешка, во обид да спречат ширење на новата, позаразна мутација на коронавирусот, која неодамна беше откриена во Велика Британија. Шведскиот министер за внатрешни работи Микаел Дамберг на денешната прес-конференција соопшти дека новата забрана ќе важи до 14 февруари и објасни дека со тоа […]