Повреден рудар во Крива Паланка


Рудар на возраст од 55 години се здобил со повреди откако паднал од машина во рудник во Крива Паланка.

Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот во полиција, од Здравствен Дом-Крива Паланка било пријавено дека кај нив дошол Г.С.(55) од Крива Паланка и побарал лекарска помош бидејќи додека бил на работно место во рудник во Крива Паланка паднал од машина и се здобил со повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.