Во Србија од Ковид-19 починаа уште 18 пациенти, новозаразени се 1.318


Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.318 нови случаи на коронавирус, 18 лица починале, а тестирани се 7.549 лица.

Од почетокот на пандемијата во Србија, вкупно 383.603 лица се разболеле од ковид-19, а 3.886 лица починале.

Српската влада денеска објави дека досега повеќе од 200.000 лица се вакцинирани против коронавирус, како и дека повеќе од половина милион граѓани се регистрирале за вакцинација преку системот за е-влада.

Српските медиуми јавуваат дека се формираат долги редови пред зградата на Саемот во Белград, каде што се врши вакцинација.