Хамбург: Карантин за околу 500 вработени во Ербас


Ербас денеска соопшти дека околу 500 вработени се ставени во карантин, откако 21 работник биле позитивни на коронавирусот.

Компанијата потврди дека од вработените било побарано превентивно да останат дома сè додека не се утврди што ја предизвикало инфекцијата кај 21 работник и дали станува збор за инфекција со новата мутација на коронавирусот, која за првпат беше откриена во Велика Британија.

– Властите ни дадоа целосна поддршка, рече претставник на Ербас.