Осумгодишниот син на Ципрас позитивен на Ковид-19


Лидерот на Сириза Алексис Ципрас, преку социјалните мрежи објави дека неговиот син Орфеас е позитивен на Ковид-19, односно како што напиша „коронавирусот денеска го посети и нашиот дом“, јави дописничката на МИА од Атина.

Осумгодишниот син на поранешниот грчки премиер, синоќа имал благи симптоми, денеска се тестирале сите, а според резултатите, Ципрас, неговата партнерка и помалиот син се негативни, додека пак поголемиот е позитивен.

-Добар е и како повеќето деца се очекува лесно да го помине, напиша Ципрас на Фејсбук.

Лидерот на СИРИЗА, паралелно превентивно ќе биде во карантин, бидејќи како што објасни, иако ги прими двете дози од вакцината, сепак нема стекнато целосен имунитет.

-Сигурен сум дека сè ќе биде во ред, напиша поранешниот грчи премиер на крајот од неговиот пост на Фејсбук.