Сообраќајот се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на некои повисоки места


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни патишта, а на некои повисоки места ина остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонијапат“.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, како и во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој Пресека, пак, врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.