Средношколски сојуз: Не се залагаме за откажување на матурата, туку за изменување и затоа бојкотот не е неоправдан


 Сојузот на средношколци не се залага за откажување на матурата. Сојузот не ги поддржа средношколците кои тоа го бараа и инсистираше дека државна матура мора да има. Имајќи го ова на ум, јасно е дека бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување за оваа учебна година. Затоа Сојузот не […]

Две деца повредени во сообраќајка во Кавадарци


Две деца биле повредени во сообраќајка во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Вчера во 16:30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци,  во која автомобил „мерцедес“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени […]

Стефоска: Наша цел е во најбрз можен рок да се заврши новиот објект за театарот и библиотеката во Тетово


Доградба на новиот објект за библиотека и театар и состојбите во дејноста култура, за ова денеска разговараа министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалничката Теута Арифи на работната средба во Општина Тетово.  Министерката информира дека објектот ќе продолжи интензивно да се гради и во текот на оваа година, има средства од буџетот, како и реализиција […]

За околу 35 отсто ќе се зголеми вредноста на дежурствата во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“


Вредноста на дежурствата на вработените во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“ ќе се зголеми за околу 35 отсто со што постоечката вредност на дежурствата од 96 отсто, со измените би достигнала до 130 отсто. Ова е договорено на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов […]

Н1: Во Србија во декември починале 6.805 лица повеќе од десетгодишниот просек


Србија– Во Србија бројот на смртни случаи во декември 2020 година е поголем за дури 6.805 во споредба со десетгодишниот просечен број на починати во тој месец, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика (РЗС). Истиот месец, според податоците на институтот „Батут“, бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 официјално изнесуваше 1.646, пишува […]

Продуцентот на „Металика“ Боб Рок ги продаде правата на 43 песни


САД- Музичкиот продуцент Боб Рок го продаде својот удел на правата од каталог со 43 песни, вклучувајќи го и истоимениот албум на хеви метал групата Металика и песната „ Call Me Irresponsible“ на пејачот Мајкл Бубле на Hipgnosis Songs Fund, последниот музички инсајдер кој го продава профитабилниот музички каталог бидејќи експлозијата на интернет стриминг привлекува […]

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса


Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети […]

Во годината на Конески се одржува првата онлајн зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик


Почна со работа Првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку зум платформата. Пред 50-тината семинаристи, како што соопштија од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, свои пригодни видео-обраќања имаа претседателот Стево Пендаровски и министерката за образование и наука Мила Царовска. […]

Чистењето на Белата куќа по Трамп чинеше најмалку 127.000 долари


Чистењето на Белата куќа по заминувањето на претседателот Доналд Трамп чинеше најмалку 127.000 долари, објави „Њузвик“. Веднаш по заминувањето на Трамп од Белата куќа, специјален тим почна со чистење на резиденцијата што има 132 соби и 35 бањи. Тие имале само пет часа да ја исчистат резиденцијата.

Започнува донаторска кампања за спас на ФК Вардар


Раководството на Културно – просветно друштво „Вардар“ денес изрази загриженост поради финансиската криза во која се наоѓа ФК Вардар и започна Иницијатива за спас на клубот. – Кризата во Вардар е закана по иднината, па дури и опстанокот на нашиот најголем фудбалски бренд. ФК Вардар е најпопуларниот и најсаканиот фудбалски клуб во Македонија со огромен […]

Припадник на ЕБР сведочеше за случајот „Титаник“


Во продолжение на судењето за случајот „Титаник“ сведочеше припадник на ЕБР при МВР, кој истакна дека во 2011 бил на позицијата тим лидер и дека тие постапувале на ниво на цела држава, па и во Охрид. Врзано за изборите во овој град во 2011 година тој изјави дека не бил присутен таму. – Наредбите ги […]

Брнабиќ: Незгодно е да отидам во Црна Гора, земјата од кај ни протераа амбасадор


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е „незгодно да се посети земја од која е протеран амбасадорот на вашата земја и во која е прогласен за „персона нон грата“, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ со ова одговори на прашањето на новинарите дали ќе ја посети Црна Гора и му се заблагодари на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ […]

Нови 63 случаи со Ковид-19, починати шест, оздравени 573 пациенти


Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1. Починати се шест пациенти од кои двајца од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден […]

Карантин при влез во Германија, доколку граѓаните престојувале во ризично подрачје од Ковид-19


Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од Северна Македонија, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем […]

Дури 92 отсто од студентите по медицина и 79 отсто по економија сакаат да ја напуштат Албанија


Албанскиот претседателот, Илир Мета, преку статус на Фејсбук наведува дека денеска на земјата повеќе од било кога и требаат надеж и верба. Тој апелира да се запре одливот на мозоци од Албанија, осврнувајќи се на растечкиот број на оние кои сакаат да ја напуштат земјата. Според Мета, 92 отсто од студентите по медицина, 79 отсто […]

Над 100 менувачи и даватели на услуги брз трансфер поминаа обука за спречување перење пари


Успешно заврши проектот на Народната банка (НБ) за јакнење на капацитетите на небанкарските финансиски институции за коишто таа е регулатор, остварен со поддршка од Глобалната програма за борба со нелегални финансиски текови при Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), информираат од Кабинетот на гувернерот. Во рамките на проектот, додаваат, Народната банка спроведе обуки за давателите на […]

Пендаровски го потпиша Законот за попис


По неколкудневно консултирање со правни експерти претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе […]

Дизелот поевтинува за половина денар по литар


Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,5 денари […]

Димитров и Османи не побарале средба со Захариева во Брисел


Двајцата македонски министри, Никола Димитров и Бујар Османи, кои денеска се во Брисел на разговори со португалскиот шеф на дипломатијата, Аугусто Сантош Силва,  не побарале да се сретнат со нивната бугарска колешка Екатерина Захариева, која исто така е во главниот град на Белгија на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Според најавите, двајцата […]

По укинување на рестриктивните мерки се очекуваат големи распродажби


Австриското Здружение на трговци соопшти дека по укинувањето на рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19 ќе уследи голем бран на распродажби, посебно во конфенциската индустрија. Здружението истакнува дека во магацините на синџирите за продажба на облека има повеќе од 50 милиони непродадени артикли, кои по укинувањето на мерките мора да се продадат. Продавниците за облека и […]