Пораст на бројот починати во Италија, паднаа бројките на новозаразени


  Во Италија во последните 24 часа регистрирани се 420 смртни случаи од последиците на корона вирусот, а тоа е значителен пораст од претходниот ден кога имаше 299 починати. Што се однесува до новозаболените, Италија бележи опаѓање во последните 24 часа, кога се регистрирани 8.561 нов случаи со корона вирус, додека во неделата имаше 11.629, […]

Италијанскиот премиер веројатно ќе поднесе оставка


Италијанскиот премиер Џузепе Конте веројатно ќе поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела вечерва или утре изутрина, со надеж дека ќе добие мандат за формирање влада, изјавил неименуван владин извор. Според некои западни медиуми, на прашањето да ги прокоментира наводите во италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на кабинетот, изворот истакнал дека […]

Кучињата на Бајден, Мејџор и Чемп пристигнаа во Белата куќа


САД- Кучињата се вратија во Белата куќа по пауза од четири години. Чемп и Мејџор, германските овчари на претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, пристигнаа во Белата куќа вчера, неколку дена по нивните сопственици. Претседателот и првата дама се преселила минатата недела, но сигнализираа дека семејните ловџии ќе заостанат неколку дена, додека тие […]

Студија: Азитромицинот и доксициклинот не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19


Студија спроведена во Велика Британија покажа дека антибиотиците азитромицин и доксициклин генерално не се ефикасни терапии за раните фази на Ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции, објави Универзитетот во Оксфорд. Студијата покажа дека азитромицин и доксициклин не се корисни за пациенти со Ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со […]

Македонија не добила рок за вакцините од Европската комисија


Вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Брисел денеска се сретнаа со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, но не добиле конкретен рок кога Северна Македонија може да очекува вакцини од ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел. Изворите на МИА во Европската комисија (ЕК) порачуваат дека институцијата не е […]

Насер Зибери избран за народен правобранител


Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети. Откако беше одбиен предлогот на опозициските партии да се […]

Царовска: Средношколците имаат право на матура а МОН има обврска да им ја обезбеди


Министерството за образование и наука има законска обврска да им обезбеди право на полагање државна матура на учениците, посебно на оние кои сакаат да продолжат во високо образование. Ова го нагласи министерската за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на наставата од дел на средношколците. „Од првиот ден откако сум […]

Настраданите бразилски фудбалери биле позитивни на корона вирус


Четворицата бразилски фудбалери, кои загинаа во авионска несреќа во неделата, патувале одделно од остатокот на тимот, бидејќи биле позитивни на коронавирус, соопшти денеска нивниот клуб Палмас. Во несреќата што се случи при полетувањето на авионот на аеродромот во Лузимангуеш, животот го загубија и полотот, како и директорот на бразилскиот четвртолигаш Палмас. Агенцијата Асошиејтед прес, цитирајќи го клупскиот портпарол, Изабела Мартинс, јави […]

ММФ ќе се фокусира на економските последици од климатските промени


Меѓународниот монетарен фонд гледа на климатските промени како на основен ризик за економската и финансиската стабилност, изјави денеска шефицата на ММФ Кристалина Георгиева, презентирајќи ги плановите на Фондот за поддршка на инвестициите во зелените технологии што ќе го поттикнат глобалниот раст. На Самитот за климатско приспособување, Георгиева рече дека глобалното економско производство може да се зголеми за 0,7 проценти […]

Грција и Франција го потпишаа договорот за воените авиони Rafale


Договорот со кој Грција ќе набави од Франција 18 воени авиони Rafale, денеска го потпишаа министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли и ги истакнаа долгогодишното грчко- француско пријателство и соработката меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за одбрана на Грција истакна дека договорот ќе придонесе за […]

Врховниот суд отфрли тужби против Трамп


Врховниот суд на САД ги отфрли тужбите против поранешниот претседател Доналд Трамп, кои го теретеа дека за време на мандатот ги прекршил одредбите на Уставот за спречување корупција со задржување на сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа. Судиите ги отфрлија одредбите на пониските судови кои дозволија тужби – […]

Продолжува трендот на релативно висок број на новозаболени од Ковид-19 во Косово


 Минатото деноноќие во Косово беа регистрирани над 300 новозаразени од Ковид-19, со што продолжи трендот на релативно висока бројка на лица кај кои е откриен корона вирусот, споредено со последните недели од 2020-та и првата половина од јануари годинава. Додека во декември и на почетокот на јануари се бележеа меѓу 150 и 200 новозаболени, изминатите […]

„Доминион“ бара оштета од Џулијани во висина од 1.3 милијарди долари поради тврдењата за изборен фалсификат


САД – Компанијата „Доминион воутинг системс“ го даде на суд Руди Џулијани, личен адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп, поради нарушен углед по тврдењата дека компанијата ги манипулирала претседателските избори во 2020 година, јави Волстрит журнал. Во тужбата, поднесена денеска во Окружниот суд на САД за округ Колумбија, компанијата бара оштета во висина од повеќе од 1.3 […]

Османи и Димитров на средба со Ленарчич: ЕУ што поскоро да обезбеди вакцини за регионот


ЕУ што е можно поскоро да обезбеди вакцини за регионот за кои веќе се издвоени 70 милиони евра, истакнаа вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната средба со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич во Брисел. На средбата што се одржа во Европската комисија, беше констатирано […]

Во Србија пристигнаа уште 11.700 дози на вакцината на Фајзер


 На Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ пристигнати се уште 11.700 дози од вакцината Фајзер, пренесуваат српските медиумите повикувајќи се на неофицијални информации. Како што пишуваат, во следните две недели се очекува да започнат да пристигаат од 10.000 до 20.000 дози неделно од оваа вакцина, пренесува Танјуг. Како што се додава, на 15-ви февруари се очекуваат нови 41.000 дози од вакцината на […]

ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари


Државната изборна комисија на денешната прва јавна седница во новиот состав ја усвои финанскиската програма за јавни набавки за 2021 година за спроведување на Локалните избори годинава во износ од 263 милиони денари. Претседателот на ДИК Александар Даштевски изјави дека овие средства можеби нема да бидат доволни поради тоа што во некои општини ќе треба […]

Модерна: Нашата вакцина штити и од новите мутации на вирусот


Модерна Инк денеска соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 произвела антитела кои ги неутрализираат новите мутации на корона вирусот пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка. Се очекува вакцинацијата со две дози на вакцината на Модерна против Ковид-19 да ги заштити луѓето од новите мутации кои се откриени до денеска, соопшти компанијата.

Уапсен тренер во Грција под обвинение дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче


 На грчкиот остров Самос вчера беше уапсен, а денеска изведен пред истражен судија во Атина, 38-годишен тренер по едрење за кој постојат обвинувања и пријава дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче, јави дописничката на МИА од Атина. Случајот го откри поранешната грчка олимписка шампионка во едрење Софиа Бекатору, која и самата, како што јавно […]

ЕУ: Фармацевтските компании однапред да го регистрираат извозот на дозите


ЕУ ќе побара од фармацевтските компании кои произведуваат вакцини против Ковид-19 во рамките на Унијата, однапред да го регистрираат извозот на дози во трети земји, соопшти денеска официјален претставник на ЕУ. Европската комисија ќе формира транспарентен регистар на извоз на вакцини надвор од Унијата, изјави официјален претставник и најави дека новото правило ќе стапи во […]

Во Крушево одбележан 40-иот роденден на мегаѕвездата: Тоше има само ден на раѓање


Со спомени, сеќавање, тага и незаборав во Крушево и на Гумење денеска беше одбележан 40-иот роденден на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, за хуманиот човек со големо срце, на еден од најголемите амбасадори на земјава –  Тоше Проески. Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. […]