Деветмина демократски конгресмени го донесоа обвинението против Трамп во Сенатот


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска официјално до Сенатот го достави обвинението против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се терети за поттикнување на бунт од неговите приврзаници, кои упаднаа во Капитол на почетокот на јануари. Девет демократи од Претставничкиот дом, кои ќе служат како обвинители, ноќеска еден час по полноќ по средноевропско време поминаа низ […]

Ентони Блинкен номиниран за државен секретар на САД


Одделението на американскиот Сенат за надворешни работи ја одобри номинацијата на Ентони Блинкен, кого новоизбраниот претседател Џо Бајден го предложи за државен секретар. Како што пренесуваат странските агенции, Одделението гласаше 15:3 за номинацијата, со што е отворен патот Блинкен да биде изгласан во Сенатот оваа недела и официјално како нов државен секретар. Пред него, на позицијата […]

Бајден планира да ги замени сите владини возила со електрични


Американскиот претседател Џо Бајден планира да го замени возниот парк на американската Влада од околу 650.000 автомобили со електрични возила. – Федералната Влада има огромна флота возила што ќе ги замениме со електрични автомобили направени овде во Америка од американски работници, рече Бајден. Белата куќа не одговори веднаш на прашањето во кој период Бајден планира […]

МОН и Средношколски сојуз остануваат на своите ставови за државната матура


Средношколски сојуз не отстапува од барањето државната матура да има испити по два предмета (мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира), ниту Министерството за образование и наука од ставот дека нов концепт за матурата е можен за идната учебна година. Министерката Мила Царовска е категорична дека оваа генерација матуранти ќе […]

ИНСТАТ: Албанија лани ја посетиле 2,6 милиони туристи или 3,8 милиони помалку од 2019


По туристичкиот бум во 2019 година кога Албанија ја посетиле 6,4 милиони странски туристи, 2020 година е една од најтешките за туристичкот сектор, како еден од главните столбови на домашната економија. Тоа како последица на затворањето на границите и другите рестриктивни мерки преземени во контекст на пандемијата со Ковид-19. Податоците објавени од Институтот за статистика, […]

Пендаровски: Бугарските „тврди позиции“ ќе останат и по изборите во април


Претседателот Стево Пендаровски не очекува промена на позициите на Софија кон Скопје и по изборите во Бугарија на 4 април. Во синоќешното интервју за ТВ Клан, шефот на државата рече дека за жал вестите од Бугарија зборуваат за „тврд став и на опозицијата и на власта во однос на нашата земја, така што кој и […]

Заладување и снег


Времето во земјава денеска ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на […]

Почнува исплата на јануарските пензии


Oд денеска почнува етапната исплата на јануарските пензии  со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Денеска ќе се врши исплата на […]

„Дејли експрес“ : Албанските гангстери ги „преплавија“ англиските затворски ќелии


Британскиот дневен весник „Дејли експрес“ објави напис за бројот на албанските граѓани во англиските затвори, наведувајќи дека е во постојан раст. -Албанците сега се најголемата група странци во англските затвори, како последица на тоа што албанските криминалци ја презедоа контролата врз трговијата со дрога, стои во написот под наслов „Албанските гангстери ги „преплавија“ британските затворски […]

Петтиот сет мерки пред донесување, власта и опозицијата уште спорат колку тежат досегашните четири


Петтиот пакет мерки за помош на економијата и граѓаните погодени со кризата е во финална фаза, изјави вечерва потпретседателот на СДСМ Коста Петров. И вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, попладнево преку статус на Фејсбук соопшти дека во текот на оваа и следната недела следат консултации со коморите, Платформата за јавно приватно партнерство, економско социјалниот […]

Гутереш: Светот се соочува со егзистенцијални закани


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги предупреди денеска светските лидери дека светот не се соочува само со вонредна состојба поради Ковид-19 и со најтешката економска криза во последните речиси сто години, туку и со „егзистенцијални закани“ за климата и биодиверзитетот, и можноста најголемите економии, САД и Кина, да го поделат светот на два дела. […]

Од Ковид-19 заразени над 100 милиони луѓе во светот


Бројот на заразени случаи од коронавирус во светот вечерва надмина 100 милиони. Од почетокот на пандемијата се регистрирани 100.084.449 случаи на Ковид-19, додека како последица од вирусот почибале 2.144.851 пациент. Од Ковид-19 досега се излекувани 72.018.275 луѓе. Најголем број смртни случаи имаат САД (речиси 430.000), потоа следуваат Бразил (217.000), Индија (153.000), Мексико (149.000) и Велика […]

Естонија прв пат во историјата има жена за премиер


  Каја Калас стана првата жена на чело на естонската влада откако парламентот денеска ја потврди нејзината коалициска влада. Калас е ќерка на поранешниот премиер Сиим Калас и претседателка на Реформската партија на либералниот центар. Има 43 години. Во коалиција со партијата Центар (лев центар) на премиерот во оставка Јури Ратас доби поддршка од 59 […]

Пронајдени две смрзнати тела на планината Папук во Славонија


  Работници на зимската служба, во акција за расчистување на снегот на планината Папук во Славонија, Хрватска, нашле две смрзнати тела, јави локален поратл од Пожега. На делницата Велика-Јанковац, најпрво е пронајдено едно тело, а пота во близина еден граѓанин нашол уште едно смрзнато тело. Полицијата ја потврди информацијата. Се сомневаат дека се работи за […]

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа


 Една третина од рамковните административци или вкупно 349 денеска ги потпишаа решенијата и од утре може да почнат со работа, рече вечерва првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби. Во гостување на „Топ тема“, Груби напомена дека повеќето од овие лица, 143, се распределени во МВР, а останатите во Царинската управа, УЈП, Агенцијата […]

Златен луксуз на Интернет: Диор инспириран од тарот карти праќа порака на утеха


Франција – Раскошни златни фустани украсени со хороскопски знаци и симболи од тарот карти внесоа мистика во креациите на Кристијан Диор за сезоната пролет-лето 2021 на почетокот на Неделата на висока мода во Париз, со дигитални ревии на уникатни брендови поради кризата со Ковид-19. Една од најочекуваните ревии на годишниот моден календар се одржа без […]

Мексико ќе доби 24 милиони дози од руската вакцина


  Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина „спутник V“ против корона вирус, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. „Разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин и јас му заблагодарив на неговата одлука да нѝ прати 24 милиони дози од вакцината во следните два месеца“, наведе Обрадор на Твитер, кој во неделата […]

Во Грција нови 436 случаи, починаа 25 пациенти


  Во Грција во последните 24 часа потврдени се 436 нови случаи со корона вирус, а од последиците на оваа инфекција починаа 25 лица, соопшти Националната организација за јавно здравје. Во таа земја на респиратор се наоѓаат 286 пациенти, со просечна старост од 68 години.

Поддржани измените на Законот за лекови и медицински средства во собраниската Комисија за здравство


Собраниската Комисија за здравство попладнево на седница даде поддршка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова. Со предложените решенија ќе се овозможи создавање на законски […]