Дмитрев: Вакцината „спутник V“ наскоро ќе биде одобрена во 25 земји


 Првиот човек на рускиот независен инвестициски фонд РДИФ, Кирил Дмитрев, изјави денеска дека руската вакцина „спутник V“  во следните неколку недели ќе биде одобрена за употреба во 25 земји од светот. -Нашата вакцина „спутник V“ досега е регистрирана во 14 земји, а во следните неколку недели ќе биде одобрена во уште 25 земји, рече Дмитрев […]

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“


Со изведување на дополнителни докази денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продложи судскиот предметот „Таргет-Тврдина“. Обвинителството и одбраната, на минатото рочиште изнесоа предлози за дополнителни докази кои произлегуваат од главната расправа, а кои Судот ги прифати. Одбраната предложи како дополнителен доказ вештакот Ѕвонко Кочовски да даде вештачење колкава е вредноста на системот […]

Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје


 Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот. Како што информираа денеска од ТАВ Македонија, почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило […]

Преставничката на УНИЦЕФ ги подржува реформите во образованието


Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, во изјава по повод Меѓународниот ден на образованието дава поддршка на образовните реформи коишто ги спроведува Министерството за образование и наука. Понудената концепција за основно образование од МОН ги содржи сите клучни сегменти кои треба да се постигнат со реформата, а на кои потсетува УНИЦЕФ по повод Меѓународниот ден на […]

Лани за оружје потрошени 1,93 трилиона долари во светот


Седма година по ред има раст на глобалните трошоци за одбрана, па така лани тие достигнаа рекордни 1,93 трилиона долари, покажуваат податоците на информативно-аналитичкиот центар „Џејн“. Ова сума е за 1,9 отсто поголема отколку во 2019 година. Најголем раст, од 5,6 отсто, на потрошени средства за оружје е регистриран во Европа. Аналитичарите предвидуваат дека годинава ќе […]

На жртвите на Харви Вајнстин ќе им бидат исплатени 17 милиони долари отштета


САД– Американскиот стечаен судија донесе одлука компанијата на филмскиот могул Харви Вајнстин да исплати 17 милиони долари отштета на жените, жртви кои го обвинија за сексуално насилство. Вајнстин лани е осуден на 23 години затвор поради силување и сексуално злоставување на три жени по низата обвиненија кои се појавија во текот на 2017 година кога […]

Најмногу снег на Попова Шапка 40 сантиметри


Највисока снежна покривка од 40 сантиметри утрово има на Попова Шапка, во Лазарополе 23 и во Маврово 13 сантиметри, информира УХМР. Температурите секаде се над нулата, освен во Лазарополе каде што е измерено минус еден степен. Во Скопје е пет степени над нулата, во Охрид шест, Битола седум, а најтопло е во Штип со осум […]

Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар


Од осум часот изутринава е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, што беше воведена синоќа поради интензивни врнежи од снег. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.Врнежи од снег се бележат на П.Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража, соопштија АМСМ и ЈП […]

ОН: Минатата година биле изгубени четири пати повеќе работни места отколку во светската финансиска криза во 2009 година


Обединетите нации во својот последен извештај наведуваат дека поради пандемијата на коронавирусот минатата година во светот биле изгубени четири пати повеќе работни места отколку во најлошиот дел од светската финансиска криза во 2009 година. Меѓународната организација на трудот (ИЛО), агенција на ОН, процени дека ограничувањата наметнати врз деловниот и јавниот живот минатата година уништиле 8,8 […]

Бразил ќе добие 150 милиони вакцини „спутник“ до крајот на 2021 година


Бразил ќе добие 150 милиони дози вакцина „спутник V“ до крајот на годината, откако регулаторното тело одобри употреба на руската вакцина, изјави Рожерио Росо, директор за меѓународни работи на фармацевтската компанија Унијао Квимика, партнер на Рускиот инвестициски фонд. – Оваа година ќе можеме да му обезбедиме на Бразил 150 милиони дози вакцина „спутник V“, кои […]

Пахор: Хрватската екслузивна економска зона во Јадранот нема врска со прашањето на границата


Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека прашањето за словенечко-хрватското разграничување е решено со договорот за арбитража на границата и дека ова прашање не е поврзано со одлуката на Хрватска да прогласи ексклузивна економска зона на Јадранот. -Морската граница беше одредена со арбитражниот договор, како и главниот тек на копнената граница, а се уште не е […]

Оксфам: Десетте најбогати луѓе би можеле да купат вакцини за сите


Десетте најбогати луѓе на светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата, покажуваат податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација Оксфам. Нивното вкупно богатство се зголеми за 540 милијарди долари за време на пандемијата на коронавирусот и сега изнесува 11,95 билиони долари, се наведува во извештајот на организацијата под името „Вирус на […]

Стар документарец покажа загрижувачка состојба со вирусите во лабораторијата во Вухан


Што може тимот од експерти на СЗО да открие за потеклото на коронавирусот доколку Кина и натаму продолжува да блокира? Еден постар документарен филм покажува како кинеските научници безгрижно експериментираат со заразените лилјаци. За кинеското раководство едно е сигурно: коронавирусот, што е одговорен за глобалната пандемија, не потекнува од Кина. Се верува дека тој пристигнал […]

„АстраЗенека“ демантира дека нејзината вакцина слабо им помага на повозрасните


Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ ги демантираше пишувањата на германските весници „Билд“ и „Ханделсблат“ дека ефикасноста на нејзината вакцина е мала кај луѓето над 65 години. Британските медиуми јавуваат дека, според „АстраЗенека“, пишувањето на германските весници е „целосно невистинито“. „Билд“ и „Ханделсблат“, во одделни извештаи, вчера, јавија дека вакцината на „АстраЗенека“ има ефикасност од само осум до […]

Бајден ја потпиша уредбата за купување американски производи


Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот за набавка на американски производи, со што се очекува да се обезбеди поддршка за американското производство и претприемачи. -Кога купуваме американско ќе набавуваме од цела Америка – од сите нејзини заедници што во минатото беа изоставени од системот за јавни набавки, рече Бајден по потпишувањето на указот. Клучниот […]

Повторно немири во Холандија, уапсени најмалку 70 лица


Холандската полиција уапси најмалку 70 лица откако избувнаа нови немири трета вечер по ред за време на протестите поради одлуката на Владата да воведе полициски час како дел од Ковид-мерките. Шефот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени до 22 часот, во Ротердам се користени водени топови, додека во Харлем е […]

Португалија ќе направи сѐ да почнат преговорите со Македонија


Португалското претседателство со Европската унија го смета процесот на проширување како важно прашање и ќе направат сѐ што е во негова моќ да се динамизира дијалогот за усогласување на преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.   Ова на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и на […]

Италијанскиот премиер Конте денеска поднесува оставка, но се надева на нов мандат од претседателот


Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа соопшти дека претпладнево и официјално ќе поднесе оставка на функцијата,  по повлекувањето на партијата „Италија Вива“ (IV) од владејачката коалиција. Конте за 9 часот го свика Советот на министри, на кој се очекува да ги извести министрите дека поднесува оставка. Премиерот се надева дека повторно ќе добие мандат од претседателот […]

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар


Поради интензивни врнежи од снег, од синоќа во 23:10 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Дожд врне во Mакедонски Брод, […]

Филипче: Покрај Ковакс и „Фајзер“, се разгледува можност за набавка и на кинески вакцини


Здравствените власти во земјава сериозно ја разгледуваат можноста за набавка на вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Со помош на кинеската амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини. – Чекаме детали во […]