Лагард се надева дека 2021. ќе биде година на економско закрепнување од пандемијата


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, се надева дека 2021 година ќе биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за појава на нови видови на Ковид-19. -Се надеваме дека 2021 година е се уште година на закрепнување, но во две фази. Првата фаза е очигледно фазата што ќе […]

Карпош потсетува како се фрла ѓубрето


Општина Карпош ги потсетува сите граѓани на правилно и совесно одложување на отпадот од своите домаќинствата. Имено, задолжително треба домашниот отпад да се одложува во големите контејнери кои ги поставува и подига ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Доколку постои потреба од поставување на дополнителни контејнери, заедниците на сопственици (куќни совети) потребно е да испратат барање до […]

До 1 февруари краен рок за пријавување на конкурсот за годишната на награда на НБ за млади истражувачи


Народната банка потсетува дека крајниот рок за доставување труд  на Конкурсот за Годишната награда на Народната банка за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година е 1 февруари 2021 година. Наградата, како што информираат од Народната банка, се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на […]

Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ била 1.4 милиони евра


Опремата за прислушување од системот „Најс“ во сега згаснатата УБК, во моментот кога била уништена, имала употребна вредност од 87.422.668 денари (1 418 897 евра).Ваквиот податок утрово беше соопштен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“, кој влезе во својата завршница.Проценетата вредност е дел од извештајот направен од вештак за материјално, сметководствено и финансиско работење. Вештачењето е […]

Средба на Димитров и Османи со Борел: Стартот на преговорите со Македонија е важен за кредибилитетот на ЕУ во регионот


Почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион, оценето е на денешната средба во Брисел на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна […]

Брестовац не е повеќе селектор на машката ракометна репрезентација


  Селекторската позиција на македонска ракометна репрезентација остана празна, откако Ракометна федерација на Македонија (РФМ) и Данило Брестовац ја прекинаа соработката. Македонија под водство на Брестовац, играше на Европското првенство минатата година и на Мундијалот во Египет и не успеа да забележи некој посериозен резултат. Напротив, резултатите беа далеку под очекувањата. Брестовац позицијата селектор на […]

Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани


Собраниската комисија за финансирање и буџет како матична комисија денеска го усвои дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани со кое се врши продолжување на рокот за искористување на средствата до 31 март годинава. Предложеното законско решение е во прво читање. Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред пратениците образложи дека продолжувањето на […]

Во сообраќајки настрадале двајца пешаци и моторџија


  Во три одделни сообраќајни незгоди настрадале двајца пешаци, а и еден моторџија. Во понеделникот, во 8 часот на крстосницата од улица „Франклин Рузвелт” и улица „Орце Николов”, С.С.(27) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „хонда сивик” со скопски регистарски ознаки удрила во пешакот Д.С.(41) од Скопје. По незгодата, Д.С. бил пренесен во Комплекс клиники […]

Вредноста на уништениот систем за прислушување „Најс“ е 1.4 милиони евра


Судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ денеска продолжи со дополнение на доказна постапка. Во судот свој исказ на денешното рочиште даде вештото лице Ѕвонко Кочовски, кој истакна дека во моментот на ништење на системот за прислушување „Најс“ неговата вредност била 1.4 милиони евра. Одбраната на обвинетите реагираше дека дирекното испрашувањето на овој вештак е преседан во правото од […]

Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка


Семејство со две малолетни деца кои останале заглавени на Попова Шапка поради снежни навеи на патот во викенд населбата биле евакуирани од тетовски полицајци, па потоа и со возило на СВР Тетово однесени дома во Скопје. Полицијата била ангажирана откако 35 годишниот сопруг и татко побарал по телефон помош со оглед дека немаат струја и […]

Грчката полиција забрани јавни собири на над 100 лица


Од 6 часот утрово, до 1 февруари, во Грција во сила е забрана за јавни собири на над 100 лица со одлука на началникот на грчката полиција, а за прекршувачите предвидени се казни од 300 до 5.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката, како што соопштуваат од грчката полиција е откако била земена […]

Шпан бара ограничување на извозот на вакцини од ЕУ


Германскиот министер за здравство Јенс Шпан повика на ограничување на извозот на вакцините произведени во ЕУ. Шпан за јавниот сервис ЗДФ истакна дека за вакцините, „кои ја напуштаат ЕУ“, треба да се воведе дозвола, за да се знае што се произведува, што ја напушта Европа и ако ја напушта Европа, дали правично се распределуваат. Во врска со најавеното доцнење во испораката на вакцините на компанијата […]

Во Србија за седум дена стигаат 250.000 дози „спутник V“, во февруари и 105.300 дози на вакцината на „Фајзер“


Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека за седум дена во земјата се очекува да пристигнат 250. 000 руски вакцини „спутник V“, а при крај се разговорите со „АстраЗенека“ за 800 000 дози. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓерлек изјави дека вакцините на „АстраЗенека“ ќе се набавуваат […]

Беџ за регистрираните онлајн продавници како потврда дека од нив може безбедно да се купува


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на регистрираните онлајн продавници и оние што не се целосно усогласени или воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. Беџот ќе биде визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници и ќе […]

СИРИЗА бара активирање на групата за пријателство со Северна Македонија


Активирање на парламентарната група за пријателство меѓу Северна Македонија и Грција и одржување тематски состаноци во областите од најголем интерес за двете соседни земји, бараат пратеници од СИРИЗА во писмото до претседателот на конкретната група, пратеникот од Нова демократија Јоргос Влахос и до претседателот на грчкиот Парламент Костантинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Дури 18 луѓе возеле без возачка дозвола, санкционирани 218 возачи во Скопје


Министерството за внатрешни работи во понеделникот продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 21 меркa за користење на мобилен телефон, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 12 мерки за некористење […]

Израел стравува од истрага на Меѓународниот кривичен суд


 Во Израел расте загриженоста дека заминувањето на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе доведе до повторно отворање на истрагата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) против Тел Авив поради сомневања дека извршил злосторства против Палестинци, пренесуваат израелските медиуми. Израелската државна телевизија Кан во неделата јави дека сега исчезнуваат стравувањата на МКС од […]

Шилегов најавува трет зелен покрив, овојпат на „Мавровка“


Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на Мавровка што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје, најави предмалку градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој за денеска има закажано и прес-конференција токму таму, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Но, сепак, поради временските непогоди, таа е откажана. Во претходниот период, започна […]

Во САД од денес само со негативен ПЦР – тест


Мерката важи и за странски и за американски државјани кои пристигнуваат со авион Влезот во САД од денеска е можен само со негативен тест на коронавирус и важи и за странските и за американските државјани. Мерката што неодамна ја најави Центар за контрола на заболувањата (ЦДЦ), се однесува на сите кои пристигнуваат со авион. „Тестирањето […]

Почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено” во копродукција помеѓу Грција, Северна Македонија и Германија 


На локации во Грција почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено”, во режија на младата Асимина Проедроу од Грција. Филмот е копродукција помеѓу Грција, С Македонија и Германија. Овој филмски проект е поддржан од Грчкиот Филмски Центар, Агенцијата за филм на С Македонија, а финансиска поддршка добил и од Еуримаж (Европски фонд за копродукција и […]