Бројот на заразени од Ковид 19 помал за 21 отсто


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Ковид-19, со намалување од 21,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови […]

Лондон не му дава на амбасадорот на ЕУ полн дипломатски статус


Британската влада е предупредена од Брисел дека спуштањето на на статусот на амбасадорот на ЕУ во Велика Британија ќе ги затруе дипломатските односи за следните години. Велика Британија досега одби да им даде на претставникот на ЕУ Жоао Вале де Алмеида (еден од најсикусните европски дипломати) и на неговата 25-члена мисија привилегиите и имунитетите што […]

Пристигнаа уште 10.000 вакцини во Србија, ЕУ сака да ги блокира испораките надвор од Унијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидуваат да обезбедат чамци само за себе”.   „Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово“, рече Вучиќ во видеообјавата […]

Усвоена Програмата за економски реформи 2021-2023, во фокусот 20 приоритетни мерки


Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се […]

Расте незадоволството во Европа поради рестриктивните мерки


Во многу европски земји, со месеци е во сила строг „локдаун“, што заедно со бавната кампања за вакцинација, но и појавата на нови варијанти на вирусот, резултира со фрустрација, гнев и бегство во светот на забавите. „Корона-немирите“ најсилно ја погодија Холандија, оценува Дојче веле. Во таа земја има големо незадоволство поради воведувањето на ноќниот полициски […]

Kако алтернатива на гасот, БЕГ да користи еколошки енергенси, бара ДИЖС


При извршената проверка на резервоарите за мазут и на начинот на постапување со отпад, вклучително и со опасен отпад во „Топлана Исток“ на Балкан енерџи груп (БЕГ), Државниот инспекторат за животна средина утврди дека количеството на мазут што БЕГ има обврска да го набавува секоја година согласно Законот за енергетика е за 15-дневна потрошувачка. – […]

Туристичките агенции бараат да продолжи финансиската поддршка за плати и да се зголемат капацитетите во автобусите


Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати, без изоставување на јануари и зголемување на капацитетите во автобусите. Во денешното соопштение тие наведуваат дека финансиската поддршка за плати треба да биде во континуитет бидејќи, како што велат, секој месец се зема плата, а стигнуваат опомени за блокирање на сметките. Поради стабилизирање на ситуацијата […]

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка


Италијанскиот премиер Џузепе Конте се повлече од функцијата во вторникот по расправиите во владиниот сојуз околу постпандемичкото економско закрепнување. Конте му ја предаде оставката на претседателот Серџо Матарела по состанокот на кабинетот, со што се стави крај на 16-месечната влада. Неговата оставка ја втурнува Италија во политичка несигурност среде пандемија во која загинаа повеќе од […]

Собранието продолжи со работа без кворум за гласање


Собранието на Република Северна Македонија денеска ја продолжи 32. седница, но поради недоволен број пратеници, гласањето за законите ќе биде дополнително закажано. На седницата има 48 точки, а останати за разгледување се 47 откако вчера беше избран народниот правобранител. Собранието ја заврши расправата за предлог-законите за измени на законите за детективска дејност и за гранична […]

Актерката Мила Јовович во фокусот како модна икона. Се враќа во IMG Models


САД–Мила Јовович (45) се враќа во IMG Models, која ја претставува актерката и модел на глобално ниво во модата, убавината и лајфстајлот. Јовович, беше долгогодишен модел на „IMG Models,“ сè додека не потпиша со „ The Society Model Management “ – американската подружница на „Елитс Ворлд Груп“ – на почетокот на 2019 година. Сега е повторно […]

МОН: Бројките ja демантираат ВМРО-ДПМНЕ, над 15.000 ученици се пријавија за државна матурa


 Во Северна Македонија има 16 500 матуранти кои завршуваат четиригодишно средно училиште. Од нив, дури 15 000 или рекордни над 93 отсто, се пријавиле да полагаат државна матура, што значи огромен интерес кај мантурантите, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Според Министерството, средношколците се едногласни дека овој завршен испит им е неопходен. – Ова […]

Прилепскиот комбинат започна со откуп на тутунот од „Далија табак“


Надминат е главниот проблем со обезбедување на амбалажа. Прилепскиот комбинат на свој трошок обезбеди амбалажа од „Далија табак“   БИТОЛА – Прилепскиот тутунски комбинат од денеска започна со откуп на тутунот од кооперантите на „Далија табак“ откако беше обезбедена амбалажа. Според изјава на Кире Станкоски, директор на Прилепскиот комбинат, откупот почна денеска на откупни пунктови […]

Адем Авзиу нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС“


Нов генерален директор на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје е Адем Авзиу, кој е поранешен државен секретар во Министерство за информатичко општество и администрација. – Авзиу ја презема задачата во многу деликатен момент, кога целиот свет се соочува со пандемија од невидени размери и во време кога рекреативните спортски центри во земјата со кои стопанисува друштвото […]

Песков: Нема дијалог со луѓе кои протестираат со насилство


Кремљ денеска соопшти дека не може да има дијалог со луѓето кои насилно и нелегално протестираат, откако десетици илјади лица за време на викендот излегоа на улиците и побараа ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални. Британските медиуми го цитираат портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој кажа дека нивото на насилство кај некои демонстранти било […]

Кина ја забрзува процедурата за извоз на нејзините вакцини против Ковид-19


Кина денеска соопшти дека нејзината царинска служба треба да му даде приоритет при постапувањето во извозот на вакцините против Ковид-19 и да го олесни нивното царинење. Царината треба да ги постави како приоритет, процедурите за инспекција на превозниците вклучени во извозот на вакцини против Ковид-19 и да го олесни царинењето на овие пратки, соопшти кинеското Министерство за […]

АСОМ: Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените лиценци


Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените и постоечки лиценци и ќе предизвика правна несигурност кај субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење, реагирааат од Асоцијацијата на спортски обложувалници. АСОМ укажува и на домашни и меѓународни правни консеквенци со кои може да се […]

Зелено сценарио во енергетиката со инвестиции, меѓусекторска соработка и јакнење на свеста


Државата во првата половина од годината планира да ја заокружи регулативата за спроведување проекти што ќе ја подобрат енергетската ефиканост и ќе се овозможат инвестиции во таа област во наредните пет години.  Во примената на т.н зелено сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година неопходни се конкретни чекори од сите чинители, меѓусекторска соработка, […]

Царовска: Невладините организации пружија поддршка за новата концепција


По средбата со невладините организации, денес Министерката за образвоание и наука, Мила Царовска, посочи дека поддршката е дадена, и тие по детално прочитаниот концепт се засегнати навистина образованието да има вистински вредности во својата реформа. „На средбата со невладините организации беше покажа недвосмислената поддршка за новата концепција за основно образование бидејќи таа се базира на […]

Средба на Шахпаска и Симовски за пописот и попишувањето на бездомните лица


Министерката за труд и социјaлна политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на која, како што информираат, било разговaрaно за претстојниот попис на населението на Република Северна Македонија и за потребата од евентуална меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица. Пописот на населението во април […]

Заев-Кундурос: Пријателството меѓу државите промовира стабилност во регионот, поддршка од Грција во евроинтеграциите


Северна Македонија и Грција преку пријателството промовираат стабилност во целиот Западен Балкан, констатираа премиерот Зоран Заев и новиот грчки амбасадор во земјава Русос Кундурос на денешната средба во Владата. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството меѓу двете земји, преку унапредувањето на соработката во областите важни […]