Естонија прв пат во историјата има жена за премиер


 

Каја Калас стана првата жена на чело на естонската влада откако парламентот денеска ја потврди нејзината коалициска влада.

Калас е ќерка на поранешниот премиер Сиим Калас и претседателка на Реформската партија на либералниот центар. Има 43 години.

Во коалиција со партијата Центар (лев центар) на премиерот во оставка Јури Ратас доби поддршка од 59 од 101 пратеник во парламентот. Во текот на денешното гласање ги доби и гласовите на социјалдемократите, па има вкупно 70 гласови.

Обраќајќи им се на пратениците додека земјата се бори со пандемијата, Калас вети дека Естонија ќе биде отворена додека тоа е можно за луѓето да можат да одат на работа, децата во училиште и стопнството да може да продолжи.

Нејзината влада ќе биде како јаже над провалија, пазејќи секогаш да ја одржи рамнотежата меѓу контролата на пандемијата и поттикнувањето на стопаснките активности, порача таа.

Нејзиниот претходник Јури Ратас даде оставка на почетокот на годината откако неговата партија беше опфатена со истрага за корупција. Новата влада треба да положи заклетва утре.