Пронајдени две смрзнати тела на планината Папук во Славонија


 

Работници на зимската служба, во акција за расчистување на снегот на планината Папук во Славонија, Хрватска, нашле две смрзнати тела, јави локален поратл од Пожега.

На делницата Велика-Јанковац, најпрво е пронајдено едно тело, а пота во близина еден граѓанин нашол уште едно смрзнато тело. Полицијата ја потврди информацијата.

Се сомневаат дека се работи за мигранти кои биле затекнати од студеното време и снегот, што на папук го има до половина метар. Не се знае дали со нив имало уште луѓе и дали можби има уште замрзнати во снегот.

На местото излезена е и интервентната полиција за да пребараат поголемо подрачје, а повеќе информации се очекуваат наутро.