Во ноември 60,8 отсто од потрошената струја била од домашно производство


Лани во ноември земјава потрошила вкупно 671.057 мегават часови електрична енергија, 45,016 милиони нормални  метри кубни природен гас, 402.743 тони јаглен и 85.862 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 60,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а  96,2 отсто од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.