До трети јули продолжен јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19


До 03.07.2020 се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на КОВИД-19, соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Како што информира ФИТР, апликации може да се поднесуваат до трети јули до 14:00 часот. -Овој повик  е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал …

До трети јули продолжен јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19 Read More »

Нова „бомба“: И Мијалков донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ


Нов дел од снимката од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески – Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, се појави на Јутјуб. Во новата снимка, Милески потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5.000 евра, за покривање трошоци за автобуси. Мицкоски го наведува 2 …

Нова „бомба“: И Мијалков донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Мицкоски повикан во полициска станица за настанот на „Боемска“


  Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е повикан денеска во полициската станица Центар.Лидерот на опозицијата е повикан за случајот „Боемска“, кога  инспекторите го фатија како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19. Претходно беше најавено дека против Мицкоски ќе биде поднесена прекршочна …

Мицкоски повикан во полициска станица за настанот на „Боемска“ Read More »

Казино „Фламинго“ хотел Гевгелија донираше дезинфекциони средства во вкупна вредност од 20.000 евра на ЈЗУ Општа болница Гевгелија


Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија додели донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против КОВИД-19 вирусот. Оваа пандемија сосема го измени начинот на живот во целиот свет и …

Казино „Фламинго“ хотел Гевгелија донираше дезинфекциони средства во вкупна вредност од 20.000 евра на ЈЗУ Општа болница Гевгелија Read More »

Обвиненија против лицата кои се обидоа да го урнат споменикот на потранешниот американски претседател Ендрју Џексон


Американските власти обвинија четворица мажи за минатонеделниот обид да ја урнат статуата на поранешниот американски претседател Ендру Џексон во близина на Белата куќа во Вашингтон. Властите велат дека четворицата биле во групата која го оштетила и се обидела да го урне споменикот лоциран на плоштадот Лафајет. Плоштадот е местото на протестите што се случуваат по …

Обвиненија против лицата кои се обидоа да го урнат споменикот на потранешниот американски претседател Ендрју Џексон Read More »

Глобалната продажба на „Тојота“ во мај опаднала за 34 отсто поради пандемијата


Јапонскиот производител на автомобили „Тојота Мотор“ соопшти дека неговата продажба на возила во мај е опадната за 34,1 отсто во однос на истиот период од минатата година,  609.460 парчиња поради глобалната пандемија на коронавирус, јави ДПА. Групацијата „Тојота“, во која се вклучени „Дајхатсу Моторс“  и „Хино Моторс“, исто така, соопшти дека глобалното производство и опаднало …

Глобалната продажба на „Тојота“ во мај опаднала за 34 отсто поради пандемијата Read More »

Французите открија нов вирус, почина жена


Француски научници идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот корона, но велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот корона. Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го …

Французите открија нов вирус, почина жена Read More »

Тепачка во тајванскиот Парламент


Во Парламентот на Тајван денеска се случи тепачка кога членовите на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) влегоа во салата која во текот на ноќта беше опколена од членовите на најголемата опозициска Кинеска националистичка партија (КМТ), во знак на протест против „владината тиранија“. Повеќе од 20 пратеници на КМТ ја окупираа собраниската сала во текот на …

Тепачка во тајванскиот Парламент Read More »

Филипче: Лекови има во секое време, со укинувањето на квотите решен деценискиот проблем


Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава – решен е деценискиот проблем. Сега, граѓаните имаат достапни лекови во секое време, наведуваат од Министерството за здравство. – Веќе десетти месец како има лекови во секое време, било да е тоа на почетокот, на средината или кон крајот на месецот. Граѓаните …

Филипче: Лекови има во секое време, со укинувањето на квотите решен деценискиот проблем Read More »

Mакедонските граѓани трошат над 10 милијарди денари на домашни производи годишно


Македонските граѓани трошат повеќе пари на странски производи, отколку на домашни. Од јули минатата година, до средината на овој месец, на домашни производи потрошиле 10,8 милијарди денари, а на производи од увоз 19,7 милијарди денари. Ова е регистриран промет преку апликацијата Мој ДДВ, односно на скенираните сметки од граѓаните во периодот од јули минатата година …

Mакедонските граѓани трошат над 10 милијарди денари на домашни производи годишно Read More »

Партијата на Макрон загуби на локалните избори во Франција, Зелените слават


Вториот круг на општинските избори 2020 во Франција ќе биде одбележен по  рекордната неизлезеност на гласачите. По гласањето, левицата се обојува во зелено, десницата опстојува, претседателското парламентарно мнозинство ги губи изборите, додека крајната десница првпат освојува град со над 100 000 жители, јави дописникот на МИА. По, вечерашните општински избори обележани од кризата со коронавирусот, …

Партијата на Макрон загуби на локалните избори во Франција, Зелените слават Read More »

Сончево и топло до 38 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската …

Сончево и топло до 38 степени Read More »

Фаучи: САД нема да стекнат имунитет на стадо, многумина се против вакцинирање


САД – Еден од водечките американски експерти во борбата против коронавирусот, Ентони Фаучи, изјави дека ќе биде задоволен од вакцина што ќе биде од 70 до 75 проценти ефикасна, но предупреди дека таа нема да биде целосна заштита, особено поради фактот дека многу Американци не сакаат да се вакцинираат. Затоа, вели тој, малку е веројатно …

Фаучи: САД нема да стекнат имунитет на стадо, многумина се против вакцинирање Read More »

Нова каста на недопирливи: Кога ќе го победиш вирусот, а после сите бегаат од вас


Тој ден кога Елизабета Мартучи и нејзиниот 11-годишен син беа официјално прогласени за здрави, тие излегоа од куќата во јужниот дел на Њу Џерси носејќи креда. На тротоарот напишаа порака: „Ние го преживеавме ковид“. – Сакав да им кажам на сите дека сум го имала и дека сега сум добро. За луѓето да знаат дека …

Нова каста на недопирливи: Кога ќе го победиш вирусот, а после сите бегаат од вас Read More »

Јоханесон повторно избран за претседател на Исланд


Исланд– Актуелниот претседател на Исланд, Гудни Јоханесон повторно е избран на таа позиција со дури 92,2 проценти од гласовите, јавуваат локалните медиуми. Неговиот ривал, бизнисменот и политичар Гудмундур Франклин Џонсон освои 7,8 проценти од гласовите. Одѕивот на гласачите беше 66,9 проценти, односно гласаа 168.821 гласачи. Јоханесон (48) победи на претседателските избори во 2016 година, станувајќи најмладиот …

Јоханесон повторно избран за претседател на Исланд Read More »

„Боинг“ почнува со тестирања на повлечениот модел „737 Макс“


САД – Компанијата „Боинг“ треба да реализира тест летови на повлечениот модел „737 Макс“, во обид неделава повторно авионот да го врати на небото. Планирано е пилотите и техничките експерти да имаат тридневни тестирања, што е можно да почнат уште денеска, пренесе Би-Би-Си. Авионите, наводно, ќе поминат низ серија различни сценарија во воздух во близина на …

„Боинг“ почнува со тестирања на повлечениот модел „737 Макс“ Read More »

Парада на гордоста во Њујорк поддржана од движењето Црните животи се важни


САД– Овогодинешната јубиларна 50. Парада на гордоста во Њујорк се одржа поскромно и со почитување на мерките за физичка дистанца и со поддршка на движењето Црните животи се важни. – Тоа е одлично да се види бидејќи оргиналната Парада почна како движење за граѓански права. Значи се враќаме на корените и сакаме да опфатиме се …

Парада на гордоста во Њујорк поддржана од движењето Црните животи се важни Read More »

ОН покренаа истрага за сексот во нивното возило во Израел


Англија– Обединетите нации соопштија дека се „шокирани и длабоко вознемирени“ од видеото од Израел, на кое се гледа сексуален однос на две лица во џип на организацијата, започнаа истрага за инцидентот и работат на идентификување на луѓето. Видеото, објавено на социјалните медиуми, наводно е снимено на една од најпрометните улици во Тел Авив. Се претпоставува дека …

ОН покренаа истрага за сексот во нивното возило во Израел Read More »

Позитивните на Ковид-19 ќе гласаат под посебни услови


По објавувањето на низа протоколи како граѓаните да се однесуваат кога излегуваат на кафе, престојуваат во некој хотел или купуваат во некој од моловите во време на пандемијата со Ковид-19, вчера од Државната Изборна Комисија (ДИК), беа соопштени задолжителните препораки за гласање на следните предвремени парламентарни избори. Специфични услови за гласање ќе треба да се …

Позитивните на Ковид-19 ќе гласаат под посебни услови Read More »

Над 6000 дијагностицирани со Ковид-19, активни се 3479


Бројот на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава надмина 6000, а и натаму продолжува трендот на трицифрен број новозаболени, како и секојдневниот црн биланс на пациентите кои ја губат битката со коронавирусот. Од почетокот на месецов евидентирани се 3854 позитивни и 154 починати. Само четири дена беа со помалку од 100 дијагностицирани – на 1 јуни …

Над 6000 дијагностицирани со Ковид-19, активни се 3479 Read More »