Нова „бомба“: И Мијалков донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ


Фото: Б. Грданоски

Нов дел од снимката од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески – Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, се појави на Јутјуб.

Во новата снимка, Милески потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5.000 евра, за покривање трошоци за автобуси. Мицкоски го наведува 2 јуни, датумот кога тој држеше говор на митинг пред владата во 2018 година.

„Сашо даде два пати по 5 илјади евра за автобусите за 2 јуни“ вели Мицкоски во разговорот.

Претходно, портали блиски до СДСМ објавија вест дека на вечерата во Боемска улица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во придружба на Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков, кога тој беше прв човек на УБК.

Ова плаќање на трошоци за митингот на ВМРО-ДПМНЕ се случува четри месец пред Сашо Мијалков да биде исклучен од партијата. Мијалков беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ на крајот на октомври 2018 откако оссумина пратеници на партијата гласаа за отворање на Уставот за да се имплементира Преспанскиот договор. Тогаш Мицкоски и врвните функционери околу него го обвинија Мијалков дека шурувал со СДСМ и ги обезбедил гласовите на осумтемина пратеници за да добие амнестија.