Парада на гордоста во Њујорк поддржана од движењето Црните животи се важни


САД– Овогодинешната јубиларна 50. Парада на гордоста во Њујорк се одржа поскромно и со почитување на мерките за физичка дистанца и со поддршка на движењето Црните животи се важни.

– Тоа е одлично да се види бидејќи оргиналната Парада почна како движење за граѓански права. Значи се враќаме на корените и сакаме да опфатиме се што на луѓето им овозможува да бидат такви какви што се, изјави активистот Метју Фишер.

Тој додаде дека ова година е важно да се покаже соработка помеѓу црната и ЛГБТК заедницата, поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и на други, што предизвика демонстрации против полициската бруталност.