Мицкоски повикан во полициска станица за настанот на „Боемска“


 

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е повикан денеска во полициската станица Центар.Лидерот на опозицијата е повикан за случајот „Боемска“, кога  инспекторите го фатија како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19.

Претходно беше најавено дека против Мицкоски ќе биде поднесена прекршочна пријава за овој случај. Минатата недела во полиција беше повикан директорот на ФЗОМ, Ден Дончев за објавените “бомби”.

Викендов пак лидерот на СДСМ Зоран Заев го повика министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да го повика Мицкоски на распит за „бомбите“ во кои се слуша дека долговите на партијата му ги платил Орце Камчев и каде што тој кажува дека единствен се спротивставува на Законот за Јавно обвинителство за да го спаси бизнисменот од прогон.

Иако поканата за Мицкоски беше за 10 часот, а новинарите го чекаа пред МВР, од непознати причини тој не се појави наредните два часа. Поканата уредно ја примил во текот на минатата недела, а ден по настанот самиот изјави дека згрешил и дека ќе плати казна.