Викендот сончево, на планините пороен дожд и грмежи


Сончево време ќе преовладува за време на викендот, со услови за појава на краткотраен пороенд дожд и ретки грмежи на планинските региони во попладневните часови. Од недела претпладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер со што температурите повторно ќе бидат пониски за два до пет степени. Од понеделник следува период на постабилно веме …

Викендот сончево, на планините пороен дожд и грмежи Read More »

Општина Бутел ќе добие социјална зграда со 312 станови


Во Општина Бутел се гради најголемата социјална зграда со 312 станови која ќе овозможи покрив на глава на голем дел од социјално ранливите категори. Градежните работи почнаа во март годинава, а ќе завршат во март 2023 година. Вредноста на објектот изнесува 441,5 милиони денари, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски при увидот на градежните работи на …

Општина Бутел ќе добие социјална зграда со 312 станови Read More »

Рекордни бројки новозаболени од Ковид-19 во Токио, Индија и Мексико


Во последното деноноќие Токио, Индија и Мексико изброија рекордни бројки новозаболени од корона вирус. Во последните 24 часа во Мексико се регистрирани 7.280 нови случаи на корона вирусот, што е нов рекорд по бројот на пациенти за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. За еден ден е регистриран и рекорден број на …

Рекордни бројки новозаболени од Ковид-19 во Токио, Индија и Мексико Read More »

Светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните


Светиниколската фабрика „Мода“ го затвара погонот по добивањето на резултатите од скринингот на 210 работници, информира градоначалникот на Општина Свети Нилоле, Сашо Велковски. -Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од КОВИД-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ …

Светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните Read More »

МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи


 Граѓанската асоцијација МОСТ, ќе ги следи предвремените парламентарни избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места избрани спооред случаен и репрезентативен примерок. Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава. Како што информира на денешната прес-конференција претседателот …

МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи Read More »

Заев: ВМРО-ДПМНЕ плашат со федерализација бидејќи губат


Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило и оти обидот да ги заплашат граѓаните со федерализација е, како што посочува, доказ дека губат. – Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Најновата манипулација на Мицкоски, дублерот на Груевски го потврдува тоа. Повторниот очаен обид да ги …

Заев: ВМРО-ДПМНЕ плашат со федерализација бидејќи губат Read More »

„Катимерини“: Северна Македонија решава за својата иднина


Во Северна Македонија следната недела, по тримесечно одлагање заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржат клучни избори, кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат, што беше отворен со Договорот од Преспа, или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, оценува …

„Катимерини“: Северна Македонија решава за својата иднина Read More »

Туристичките работници пред банкрот, бараат итна помош од државата


Неповратна помош преку Фондот за туризам според остварен промет во 2019 година и субвенционирање на платите од 14.500 денари до крајот на годината со 100-процентно покривање на придонесите, бараат туристичките агенции од државата. Велат дека се пред банкрот зашто пет месеци не работат. Сите резервации им се откажани и не остваруваат никаков приход. Ако ваквата …

Туристичките работници пред банкрот, бараат итна помош од државата Read More »

Во БиХ нови 310 заразени, најмногу од почетокот на епидемијата


Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 310 новозаразени о корона вирус, потврдено е од ентитетските здравствени институции. Во последните 24 часа во федерацијата БиХ тестирани се 1.199 примероци, од кои 196 се позитивни на корона вирус. Вкупно до сега во Федерацијата се тестирани 65.694 примероци, а Ковид-19 откриен е кај 3.320 лица. До сега …

Во БиХ нови 310 заразени, најмногу од почетокот на епидемијата Read More »

„Техно гума“ во услови на криза го зголеми извозот во Германија


Има компании кои и во услови на корона кризата работат со успех и инвестираат во нови објекти и технологии, а за 22 илјади компании кои работат со загуби обезбедивме сериозна поддршка за исплата на плати на 122.000 вработени, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, по посетата на компанијата „Техно гума“ во индустриската зона Пинтија, …

„Техно гума“ во услови на криза го зголеми извозот во Германија Read More »

Приведени крадци на велосипеди во Скопје


На 08 и 09.07.2020 од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при  преземени мерки и активности лишени биле од слобода Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“. Имено …

Приведени крадци на велосипеди во Скопје Read More »

Кинеската авиоиндустрија со загуба од речиси пет милијарди долари поради КОВИД-19


Поради последиците од новиот коронавирус, кинеската авиоиндустрија во вториот квартал од годината бележи пад од 4,89 милијарди долари. Според податоците на кинеската Цивилна администрација за авијација, во првиот квартал од годината, авиоиндустријата загуби над пет милијарди долари. Кинеската авиоиндустрија  напредува побрзо  за разлика од другите земији што сега попуштаат со мерките воведени поради КОВИД-19. Сепак …

Кинеската авиоиндустрија со загуба од речиси пет милијарди долари поради КОВИД-19 Read More »

Повредени шест полицајци и уапсени девет лица во вчерашните протести во Атина


Во инцидентите што вчера се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот против новиот закон за демонстрации, штрајкови и собири, повредени се шест полицајци, а уапсени се девет лица, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис, во чија надлежност е полицијата говорејќи во Парламентот за инцидентите, рече дека имало …

Повредени шест полицајци и уапсени девет лица во вчерашните протести во Атина Read More »

Над една третина од вработените во медуимите работат за плата од 15 до 20 илјади денари


Вкупно 35 отсто од медиумските работници имаат од 15 до 20 илјади денари плата, што е далеку под просечната, додека 67 проценти не се задоволни од платата или хонорарот, покажува анкетата на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), спроведена на 150 испитаници, на кои им беа поставени прашања во врска со работничките права …

Над една третина од вработените во медуимите работат за плата од 15 до 20 илјади денари Read More »

Наќе Чулев објави дека МВР открило обид за поткуп на гласачи во Штип


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот Фејсук профил објави дека во Штип полицијата открила обид за поткуп на гласачи од ромска националност. Поткупот, наводно, требало да се изврши со тоа што ќе им биле платени долговите во една локална продавница. Еве што е напишано во соопштението објавено од Чулев: „Од страна на Отсекот …

Наќе Чулев објави дека МВР открило обид за поткуп на гласачи во Штип Read More »

Меркел: После оваа криза, картите повторно ќе бидат измешани


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Европејците на храбар реформски курс со цел посилни да излезат од кризата со коронавирусот. – Помошта што не е поврзана со реформите и насочувањето кон иднината нема да помогне на крајот, рече Меркел пред состанокот со холандскиот колега Марк Руте. Таа синоќа истакна дека „светот не спие“. – После …

Меркел: После оваа криза, картите повторно ќе бидат измешани Read More »

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе


 Ги преземаме сите мерки против коронавирус, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе, изјавија денеска за МИА од германската фабрика „Дрекслмајер“, по информациите дека трет работник од компанијата е позитивен на вирусот Ковид-19. – Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус …

„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе Read More »

Кој ќе победи, а кој ќе формира влада?


ЕРОЛ РИЗАОВ Граѓаните на Македонија се пред најважната одлука по прогласување на независноста кога за првпат сами одлучуваат за сопствената иднина и за брзината со која треба да станеме рамноправна членка на европското семејство   Кој ќе победи на корона парламентарните избори ќе знаеме некаде околу полноќ во среда наспроти четврток. А кој ќе формира …

Кој ќе победи, а кој ќе формира влада? Read More »

Спасовски најавува две милијарди евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура


Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура, а во план е да инвестираме дополнителни две милијарди во следните неколку години, најави денеска премиерот Оливер Спасовски кој заедно со градоначалниците на Општина Гази Баба Борис Георгиевски и на Општина Бутел Велимир Смилевски изврши увид во работите на патот Раштак – …

Спасовски најавува две милијарди евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура Read More »

Ахмети: Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија црвени линии за постизборно коалицирање


Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија се алфа и омега за мирот, стабилноста и безбедноста во земјава, како и црвените линии штп ДУИ нема да ги премине во постизборното коалицирање. Ова во интервју за МИА го порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потенцира дека не може да имаат партнерство со некој што …

Ахмети: Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија црвени линии за постизборно коалицирање Read More »