Арсовски: Помошта од 6.000 денари ќе стигне до сите


Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски. Како што информира Арсовски на прес-конференција, обработени се сите приговори, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна …

Арсовски: Помошта од 6.000 денари ќе стигне до сите Read More »

Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за земање отпечатоци од прсти при пописот


Власта го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминали со кои би се земале отпечатоци од прсти при спроведување на пописот во април наредната година. Сепак, порачуваат од Владата, во пописот нема политика, туку тоа е статистичка операција. „Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведување на пописот е во …

Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за земање отпечатоци од прсти при пописот Read More »

Четири угостителски објекти во Скопје работеле по дозволеното време


Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат вчера, од 16:00 до 23:00 часот, на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти. Како што соопшти денеска МВР, контролирани се 285 …

Четири угостителски објекти во Скопје работеле по дозволеното време Read More »

Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на Таравари


 Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сака да истакне дека земјава останува посветена на евроинтеграцискиот пат, рече денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашното обвинување на Арбен Таравари до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека води проруска политика и дека државата воопшто не …

Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на Таравари Read More »

За утре поместена „Новогодишната Зоо Бајка“ во Скопје Зоо 


Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче.  Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари. Настанот …

За утре поместена „Новогодишната Зоо Бајка“ во Скопје Зоо  Read More »

Ново возило за комунален отпад за Демир Хисар


Со проектните активности за развој на Пелагониски плански регион обезбедивме современо возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 12 метри кубни кое што ги исполнува стандардите  и потребите на Јавното комунално претпријатие во општина Демир Хисар, рече министерот Горан Милевски за време на посетата на општината. – И покрај Ковид кризата Министерството за локална …

Ново возило за комунален отпад за Демир Хисар Read More »

ЗНМ: Со јавното етикетирање медиуми и новинари, пратениците и политичките претставници промовираат обид за цензура


Јавното етикетирање на медиумите и новинарите, посебно од страна на високи претставници на политички партии и пратеници, ја загрозува слободата на медиумите и е промоција на обиди за цензура и самоцензура, реагира денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). ЗНМ потсетува дека во изминатите два дена дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеникот од …

ЗНМ: Со јавното етикетирање медиуми и новинари, пратениците и политичките претставници промовираат обид за цензура Read More »

Италија ја почна вакцинацијата со три медицински сестри


РИМ – Речиси 10 месеци откако првиот италијански пациент беше позитивен на новиот корона вирус, Италија во неделата ги вакцинираше првите жители против Ковид-19. Тројца здравствени работници во римската болница „Спаланзани“ беа инокулирани нешто пред 07:00 часот со вакцината развиена од „Фајзер“ и „БиоНТех“, се вели во изјавата на комесарот за епидемија Доменико Аркури. „Вакцината …

Италија ја почна вакцинацијата со три медицински сестри Read More »

Онлајн прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа


Во 11 часот е закажана онлајн прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.  Приклучете се директно на следниот линк https://us02web.zoom.us/j/84539919847?pwd=cnFFcHowZElmUGx5bUkrYWVMWCtrQT09

Несакан ефект на вакцината: Глобална економска нееднаквост


Како што започнува вакцинирањето против КОВИД-19, економскиот пад се очекува да прекине, но земјите во развој се изложени на ризик да заостанат   Конечно се гледа крајот на пандемијата. Така е и со спасувањето од најтрауматската глобална економска катастрофа од Големата депресија. Како што вакцините против КОВИД-19 влегуваат во крвотокот, закрепнувањето стана реалност. Но, придобивките …

Несакан ефект на вакцината: Глобална економска нееднаквост Read More »

Во Помпеја откриена античка улична продавница за брза храна


РИМ – Археолозите во Помпеја, градот закопан во вулканска ерупција во 79 г. направија извонредно откритие на фрескоживописана продавница за топла храна и пијалаци што служела како антички еквивалент на улична храна за римските минувачи. Позната како термополиум, латински збор за штанд за топли пијалаци, продавницата е откриена во локалитетот на археолошкиот парк Реџо V, …

Во Помпеја откриена античка улична продавница за брза храна Read More »

Казнети 659 лица за неносење заштитна маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 659 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. 

Казнети 288 возачи во Скопје, 32 немале возачка дозвола


Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден се спроведени засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.  На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 288 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за некористење на сигурносен појас, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за користење …

Казнети 288 возачи во Скопје, 32 немале возачка дозвола Read More »

Нејмар домаќин на петдневна забава со 500 лица


Бразил – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар организира масовна петдневна забава во Бразил. Дваесет и осумгодишниот Бразилец покани 500 луѓе на приватната журка до Нова година, и покрај пандемијата на коронавирусот, обелодени „О Глобо“. Настанот почна на 26 декември во општината Мангаратиба, Рио де Жанеиро, во домот на фудбалер. Нејмар направи звучна изолација во куќата за …

Нејмар домаќин на петдневна забава со 500 лица Read More »

Растурена забава во викендица во Волково, пронајдена дрога, приведени 29 лица


Полицијата синоќа приведе 29 лица по претходно добиени оперативни сознанија дека се одржува приватна забава во викендица во скопското село Волково. Лишени се од слобода Б.К. (24),сопственик на викендицата и уште 28 лица меѓу кои и ди џеј (35) од Скопје кај кој, при претрес, е пронајдена и прашкаста материја -На 26.12.2020 во 23,20 часот …

Растурена забава во викендица во Волково, пронајдена дрога, приведени 29 лица Read More »

Заев: Да празнуваме одговорно и да ги поддржиме сите кои се на првата борбена линија против Ковид-19


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска преку видео обраќање испрати порака до граѓаните одговорно да ги прослават претстојните празници. Заев апелира и да ги поддржиме сите што се на првата линија на борбата со коронавирусот, упатувајќи им посебна благодарност на лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на …

Заев: Да празнуваме одговорно и да ги поддржиме сите кои се на првата борбена линија против Ковид-19 Read More »

Во Ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 14 лица, вкупно се лекуваат 426


Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшто Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил …

Во Ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 14 лица, вкупно се лекуваат 426 Read More »

Гебрејесус: Ова не е последна пандемија, треба да се вложува во здравството


Швајцарија– Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Гебрејесус денеска предупреди дека пандемијата со Ковид-19 не е последна и оти државите треба да вложуваат во здравството за да бидат подготвени за идните здравствении кризи. – Историјата не учи дека ова нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт, истакна Гебрејесус во видео пораката по повод …

Гебрејесус: Ова не е последна пандемија, треба да се вложува во здравството Read More »

Скопје ги награди најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител за 2020 година


Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител во Скопје за 2020 година. – Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на  скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани …

Скопје ги награди најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител за 2020 година Read More »

Нов вид на Ковид-19 откриен и во Канада


Канада– Властите во Онтарио вчера соопштија дека во канадската провинција се потврдени два случаи на новиот вид на Ковид-19, откриен во Велика Британија. Новиот вид на Ковид-19 е потврден кај брачна двојка во јужниот дел на Онтарио. Тие не патувале, ниту пак биле изложени на вирусот и на ризични контакти.