Надомест за десет професори за објавени научни трудови во списанија со фактор на влијание


Десет професори од универзитетите во Скопје, Битола и Штип ќе добијат надомест на средства платени за објавување научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година. Решението го донесе Министерството за образование и наука по предлог на тричлена комисија која ги разгледа …

Надомест за десет професори за објавени научни трудови во списанија со фактор на влијание Read More »

На Кипар регистриран рекорден број случаи на Ковид-19


Министерството за здравство на Кипар соопшти за 751 нов случај на Ковид-19, што претставува рекорден број новозаразени на дневно ниво од почетокот на епидемијата. Новите случаи се по направените 13.482 тестови (ПЦР и рапид), а бројот на заразени се зголеми на 20.408 лица. Регистриран е и еден смртен случај, вкупно 113 од почетокот на епидемијата. …

На Кипар регистриран рекорден број случаи на Ковид-19 Read More »

Во Израел повеќе вакцинирани отколку заразени од почетокот на пандемијата


Израелското Министерство за здравство соопшти дека во земјата за девет дена повеќе луѓе се вакцинирани против коронавирусот, отколку што се заразени од почетокот на пандемијата. Вакцинирани се речиси 500.000 лица, односно околу пет отсто од девет милионското население на Израел, наведува Министерството. Вкупно досега во Израел се потврдени повеќе од 407.000 заразени случаи, а од …

Во Израел повеќе вакцинирани отколку заразени од почетокот на пандемијата Read More »

„Диши“ премиерно во Драмски театар


Денес напладне Драмски театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата. „’Диши’ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. ‘Диши’ како да живее низ …

„Диши“ премиерно во Драмски театар Read More »

Во Грција пристигнаа над 83 илјади дози од вакцината на „Фајзер/БиоНТек“


Со специјален карго лет на ДХЛ, рано утрово на атинскиот аеродром пристигна првата голема пратка за Грција од 83.850 дози на вакцината на Фајзер/БиоНТек, јави дописничката на МИА од Атина. Целиот процес на пристигнување го следеше заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, а вакцините од аеродромот беа пренесени во петте специјални простори каде …

Во Грција пристигнаа над 83 илјади дози од вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ Read More »

Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела


Минатата недела, на територијата на Општина Центар, се санкционирани 187 непрописно паркирани возила, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Како што стои во соопштението, во периодот од 21 до 27 декември 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, се отстранети 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“, санкционирани се …

Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела Read More »

Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 месецов тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9 посто во однос на минатата недела. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани сe 3.372 нови …

Продолжува трендот на намалување на бројот на новодијагностицирани и починати и процентот на позитивни од тестирани Read More »

Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца


Кумановската компанија „М и Т Груп“ дневно рециклира од пет до шест тони хартија од која произведува табли за јајца за фармите од државата. Годишно, како што информираат надлежните од компанијата, рециклираат милион и половина тон хартија. Со оваа количина на рециклирање се намалува палењето на хартијата и аерозагадувањето во стоилјадниот град, кој последниве зими …

Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца Read More »

Короната донесе најголема смртност во Холандија по Втората светска војна


АМСТЕРДАМ – Бројот на смртни случаи во Холандија се зголеми со највисоко ниво од Втората светска војна оваа година, поради пандемијата на корона вирусот, соопшти во вторникот холандскиот национален завод за статистика (ЦБС). До минатата недела беа пријавени околу 162.000 смртни случаи во земјата со 17 милиони жители оваа година, 13.000 повеќе отколку што се …

Короната донесе најголема смртност во Холандија по Втората светска војна Read More »

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти. За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите …

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци Read More »

Ако сакате да патувате догодина можеби ќе ви треба имунизациски пасош


Сега кога вакцините против Ковид-19 почнуваат да се шират, многу луѓе можеби сонуваат за еден ден кога ќе можат да патуваат, да купуваат и да одат повторно на кино. Но, за да ги извршите овие активности, на крајот можеби ќе ви треба нешто како додаток на вакцината: мобилна апликација која делува како „пасош за имунизација“. …

Ако сакате да патувате догодина можеби ќе ви треба имунизациски пасош Read More »

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г


Кина-Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици во 2021 година, соопшти кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија. – Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на мрежата 5Г низ Кина во текот на 2021 година, изјави Ксијао Јакинг на прес-конференција. Тој доаде дека Министерството ќе работи …

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г Read More »

ЕУ ќе ги добие сите 200 милиони вакцини од „Фајзер“ во септември 2021


Сите 200 милиони дози од нарачката на ЕУ за вакцината Pfizer/BioNTech за корона вирусот треба да бидат дистрибуирани до септември 2021 година, според Европската комисија. На вториот официјален ден од кампањата за имунизација на блокот земјите споредуваат белешки за тоа колку дози добиле секоја од нивните првични пратки – и наоѓаат причина за загриженост. На …

ЕУ ќе ги добие сите 200 милиони вакцини од „Фајзер“ во септември 2021 Read More »

Светот во 2020: Коронавирус – пандемијата што го фрли светот на колена


По речиси една година од првиот случај на новиот коронавирус, преку 78 милиони заразени и еден милион и 720 илјади починати, светот се обидува да се подисправи и да застане на нозе. „Новото нормално“ – маски, дистанца, карантини, локдауни…е новото секојдневие, новиот стил на живеење, кој го наметна вирусот Ковид-19. Од Кина до Антарктикот, од …

Светот во 2020: Коронавирус – пандемијата што го фрли светот на колена Read More »

ЕУ и Кина на чекор до договор за бизнис инвестиции


Европската унија и Кина се близу до долгоочекуваниот договор за деловни инвестиции, јави Би-Би-Си. Договорот се очекува да биде финализиран оваа недела. Тоа ќе им овозможи на компаниите од ЕУ  подобар пристап до кинескиот пазар и ќе ги подобри условите за конкуренција. Преговорите почнаа во 2014 година, но со години немаше голем успех поради голем …

ЕУ и Кина на чекор до договор за бизнис инвестиции Read More »

Светот во 2020: Познати личности кои се заразија со Ковид-19


Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус се зголемува секојдневно, вклучително и некои од најпознатите светски личности од политичкиот и јавниот живот. „На крајот јас ќе бидам во право. Изјавив неодамна дека коронавирусот ќе исчезне и тоа сега пак го повторувам“, изјави во јули американскиот претседател Доналд Трамп. Два и пол месеци подоцна, Трамп објави дека …

Светот во 2020: Познати личности кои се заразија со Ковид-19 Read More »

Јокиќ е првиот центар по Чембрлен кој направи 18 асистенции на еден натпревар


Центарот на Денвер, Никола Јокиќ на денешниот натпревар против Хјустон (124:111) постави личен рекорд по бројот на асистенции на еден меч – 18. Јокиќ стана првиот центар по Вилт Чембрлен кој остварил 18 асистенции на еден натпревар. Исто така, српскиот кошаркар го направи својот 43-ти трипл-дабл во кариерата со 19 поени и 12 скока и …

Јокиќ е првиот центар по Чембрлен кој направи 18 асистенции на еден натпревар Read More »

Светот во 2020: „Случај Навални“ – го преживеа отровот, но дали ќе го надмудри Путин


Се почна на 20 август, на еден мал аеродром во централна Русија, иницијално како инцидент со труење со чај/кафе, а од пред само неколку дена веќе големиот меѓународен случај „Навални“ доби сосема поинаков тек, со тврдењето на самиот актер, рускиот опозиционер Алексеј Навални, дека со име и презиме, со функции, и специјалности, ги знае руските …

Светот во 2020: „Случај Навални“ – го преживеа отровот, но дали ќе го надмудри Путин Read More »

Новиот тип на Ковид-19 бил присутен во Германија од ноември


Високозаразниот тип на Ковид-19 е присутен во Германија од ноември, соопштија лекари кои добиле податоци од примероци од постар пациент кој починал, објави Ди Велт. Специјалисти од Медицинскиот факултет во Хановер го открија Б1.1.7 кај примероци од пациент кој имал здравствени проблеми пред короната, се додава во текстот во кој е цитиран министерот за здравство …

Новиот тип на Ковид-19 бил присутен во Германија од ноември Read More »

Оркански ветрови во Далмација, бранови до шест метри (видео)


Оркански ветрови во централното далматинско подрачје предизвикаа бранови на отворено море со височина и до шест метри, додека во крајбрежниот дел тие биле меѓу два и три метри. Метеоролошката станица на Марјан регистрирала многу силни удари на ветрот во подрачјето на Сплит во текот на неколку часа, соопшти сплитскиот Хидрометеоролошки завод. Поради лошите временски услови …

Оркански ветрови во Далмација, бранови до шест метри (видео) Read More »