Короната донесе најголема смртност во Холандија по Втората светска војна


Празна улица во Амстердам (Фото: Ројтерс)

АМСТЕРДАМ – Бројот на смртни случаи во Холандија се зголеми со највисоко ниво од Втората светска војна оваа година, поради пандемијата на корона вирусот, соопшти во вторникот холандскиот национален завод за статистика (ЦБС).

До минатата недела беа пријавени околу 162.000 смртни случаи во земјата со 17 милиони жители оваа година, 13.000 повеќе отколку што се очекуваше во регуларна година, соопшти ЦБС.

„Такво зголемување на бројот на починати не е пријавено од Втората светска војна“, се вели во него.

Околу 9.000 луѓе повеќе од нормално починаа за време на првиот бран на инфекции со Ковид-19 помеѓу почетокот на март и почетокот на мај, соопшти ЦБС, додека повеќе од 6.000 дополнителни жртви се пријавени од почетокот на вториот бран кон средината на септември.

Бројот на смртни случаи е помал од нормалниот во повеќето други недели, велат статистичарите.

Вкупно 770.400 луѓе во Холандија се тестирани позитивно на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Познато е дека повеќе од 11.000 пациенти починаа од оваа болест.

Вистинскиот број на инфекции и фатални случаи веројатно ќе биде значително поголем, бидејќи недостаток на тестирање и лабораториски капацитет значеше дека биле тестирани само сериозно болни пациенти во текот на првите месеци од пандемијата. (Ројтерс)