Надомест за десет професори за објавени научни трудови во списанија со фактор на влијание


Десет професори од универзитетите во Скопје, Битола и Штип ќе добијат надомест на средства платени за објавување научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година.

Решението го донесе Министерството за образование и наука по предлог на тричлена комисија која ги разгледа барањата од автори пријавени на Јавниот повик  и согласно со Финансискиот план на МОН за 2020 година и Правилникот за остварување на прaвото на еднократна награда за објавување научен труд за надомест на средства за објавување на трудови.

По разгледувањето на документацијата, комисијата констатирала дека во периодот од 19 март 2019 заклучно со 27 октомври 2020 година се поднесени 15 барања од субјекти кои вршат научно-истражувачка дејност и дека 10 пријавени субјекти/автори целосно ги исполнуваат условите и критериумите од повикот.