Путин нареди воени вежби за поголема подготвеност во борбата со Ковид-19


Рускиот претседател Владимир Путин нареди воени вежби за зголемување на подготвеноста за борба против корона вирусот. Тоа го соопшти денеска Министерството за одбрана, додека во Москва повеќето продавници се затворени и забранети се јавни настани. Министерството за одбрана соопшти дека вежбите, што ќе се одржат од 25 до 28 март, ќе вклучуваат специјални медицински единици …

Путин нареди воени вежби за поголема подготвеност во борбата со Ковид-19 Read More »

(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус


Сите на некој начин се обидуваме да се заштитиме од корона вирусот, па луѓе кои никогаш во животот не ставиле маска на лицето или ракавици на рацете, сега ги носат секојдневно. Сепак, фоторепортерот на „Независен весник“ успеа да забележи несоодветно фрлање на овие заштитни материјали. Имено, во фонтана во центарот на Скопје фрлена е искористена …

(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус Read More »

Лекот против маларија не може да биде решение за корона вирусот


  Лекот против маларија хидроксихлорокин, кој претседателот на САД Доналд Трамп го наведува како можно решение во лекувањето на корона вирусот, не е поефикасен од конвенционалните методи на лечење, покажа истражување спроведено во Кина, наведува Блумберг. Извештајот е објавен во Кина во Журналот на Универзитетот Џеџијанг, а покажа дека пациентите лечени со тој лек ништо …

Лекот против маларија не може да биде решение за корона вирусот Read More »

Заразени со Ковид-19 и во српската Влада


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска потврди дека државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ е заразен со новиот коронавирусот. Дачиќ во изјава за локална телевизија рече дека Блажиќ присуствувал на состанокот на ресорниот комитет во Владата, во одборот и бил во контакт со други членови на комисијата. – Имаме …

Заразени со Ковид-19 и во српската Влада Read More »

Попови го растеруваа корона вирусот во Велес и Кавадарци


Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот. Во Кавадарци се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас.Свештеници ја прочитаа молитвата пред црквите „Света Петка“ и „Свети …

Попови го растеруваа корона вирусот во Велес и Кавадарци Read More »

За фирми од угостителството, туризмот и транспортот бескаматни кредити од 3.000 до 30.000 евра


Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка. Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне …

За фирми од угостителството, туризмот и транспортот бескаматни кредити од 3.000 до 30.000 евра Read More »

Шпанија во црно: Повеќе мртви отколку во Кина


Уште 738 луѓе умреа во Шпанија како последица од корона вирусот, со што земјата стана втора на светот по бројот на жртви. Тоа е најголем број умрени во еден ден во Шпанија од болеста Ковид 19. Вкупниот број умрени во Шпанија е зголемен на 3.434 лица, со што ја престигна Кина, каде настрадаа 3.285 луѓе. …

Шпанија во црно: Повеќе мртви отколку во Кина Read More »

Рубини: На глобалната економија и се заканува „Поголема депресија“


Иако властите ја спасија глобалната економија по финансискиот крах во 2008 година, Рубини сега вели: „Овој пат можеби нема да бидеме толку среќни“   Новиот корона вирус ќе ја уништи глобалната економија и може да ја втурне во историска депресија, предупреди економистот Нуриел Рубини во колумна за „Проџект синдикејт“. „Најдобриот економски исход на кој може …

Рубини: На глобалната економија и се заканува „Поголема депресија“ Read More »

Нови 29 заразени од корона вирус во Македонија


Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица. Информацијата ја објави министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Владата објави тендер за чартер-летови од Малта и Загреб


Владата го објави тендерот за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани од странство. За дестинации за чартер-летови се утврдени: Малта – Скопје, со кој ќе бидат превезени 148 патници и Загреб – Скопје со кој ќе бидат превезени 226 патници. Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до петок, 27 март, …

Владата објави тендер за чартер-летови од Малта и Загреб Read More »

Три децении постоење на Театарот за деца и младинци


На денешен ден во 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна со работа Театарот за деца и младинци – единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција. – Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија, соопшти денеска Театарот за деца и младинци.   По повод …

Три децении постоење на Театарот за деца и младинци Read More »

Димитров-Борел: Координација, солидарност и канализирање на поддршката за Западен Балкан од ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, во светло на донесувањето позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Како што соопшти МНР, двајцата изразија големо задоволство од …

Димитров-Борел: Координација, солидарност и канализирање на поддршката за Западен Балкан од ЕУ Read More »

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром


Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари лица „Аеродром“. Како што соопшти Општината, ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид-19. Општина Аеродром, се вели …

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром Read More »

Западна Австралија ја ограничува продажбата на алкохол


Државата Западна Австралија најави ограничување на продажбата на алкохол, со цел превентивно да го спречи порастот на проблеми поврзани со алкохолот, кои би ги трошеле ресурсите на полицијата и итните служби и дополнително би претставувале товар за здравствениот систем. Со ваквата мерка, секој граѓанин ќе може да купи најмногу комбинација од два производа: пакет пиво, …

Западна Австралија ја ограничува продажбата на алкохол Read More »

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата


Државата да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход, апелира денеска Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори. Групацијата предупреди дека угостителите не можат сами да го издржат економскиот удар од коронавирусот и дека најверојатно голем дел од …

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата Read More »

Корона вирусот ќе ги чини авиокомпаниите 252 милијарди долари


Авиокомпаниите во светот оваа година ќе изгубат 252 милијарди долари поради коронавирусот, процени денеска нивното здружение IATA. „Кризата која ја тресе нашата индустрија е најголема досега“, изјави генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, Александре де Жуниак на телефонската конфернција. Тој ги повика владите да помогнат: „Потребен ни е пакет итни мерки… и очајно …

Корона вирусот ќе ги чини авиокомпаниите 252 милијарди долари Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Заев шири лажни вести


По изјавата на лидерот на СДСМ дека единствена што не честитала за одлуката за преговори од Европската Унија е ВМРО-ДПМНЕ, од опозицијата возвратија со обвинување дека шири лажни вести, не споменувајќи ја воопшто честитката. -Дволичноста на СДСМ уште еднаш излезе на виделина. Вчера ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната  одлука на Советот на министри на ЕУ и се …

ВМРО-ДПМНЕ: Заев шири лажни вести Read More »

Принцот Чарлс заразен од корона вирус


Престолонаследникот на британската круна, принцот од Велс, е тестиран позитивно на корона вирус и покажува благи симптоми „но инаку останува во добра здравствена состојба“, соопшти кралското семејство. Портпарол на принцот Чарлс изјави дека неговата сопруга, Камила исто така била тестирана, но го нема вирусот. Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега …

Принцот Чарлс заразен од корона вирус Read More »

Двајца заболени од Ковид 19 во Прилеп


Во Прилеп се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорот на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје. -Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија …

Двајца заболени од Ковид 19 во Прилеп Read More »